Состанок во Ватикан во врска со скандалите со сексуално злоставување

Папата Франциск ќе се сретне со националните водачи на Католичката црква за да разговара за можностите за заштита на децата од злоставување на свештеници, објави денеска Ватикан. Состанокот со претседателите на националните епископски конференции ќе се одржи во Ватикан од 21 до 24 февруари. Советот, деветчлена група, кој го советува папата за внатрешни црковни реформи, во голема мерка разговараше со папата...

АХВ: Да не се внесува храна од животинско потекло од Бугарија

Граѓаните кои патуваат во Бугарија при враќање во Македонија да не носат храна од животинско потекло, апелира директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов. Тој денеска во Велес изјави дека вирусот „африканска свинска чума“ кој е регистриран во соседна Бугарија не е опасен за луѓето, но оти се работи за високо заразна вирусна болест кај свињите за која...

Повеќе од 1.670 германски свештеници злоставувале деца

Најмалку 1.670 католички свештеници биле вмешани во 3.677 случаи на сексуално злоставување во Германија помеѓу 1946 и 2014 година, објави Шпигел. Весникот наведува дека имале увид во извештај за сексуално злоставување во Католичката црква во Германија. Во него се наведува дека повеќе од половина од жртвите биле на возраст од 13 или помалку години, и дека повеќето од нив биле...

Блок: Референдумот е демократски процес, граѓаните ќе го донесат единственото решение за земјата

Договорот од Преспа е чувствителен компромис, но решавањето на ова прашање ги отвора вратите кон подобра иднина на Македонија, и тоа зависи од сите политички актери, вклучително и опозицијата.  Референдумот е дел од демократскиот процес и останува на вашите граѓани да го донесат единственото решението за земјата, изјави шефот на холандската дипломатија Штеф Блок по средбата со неговиот македонски...

Инцидент во скопска детска градинка, се заканувале со оружје

Во Скопје во детската градинка на улица „Рокомија“, настанала вербална расправија помеѓу З.Џ.(40) и Б.З., двајцата од Скопје. По кавгата З.Џ. извадил пиштол, додека Б.З. извадил нож.  Како што денеска во соопштение појаснуваат од МВР, на 11.09.2018 година околу 10,15 часот настанот бил пријавен, а по преземени мерки од страна на полициски службеници бил приведен З.Џ., а кај него бил пронајден...

Црвенковски: На 30-ти септември ќе излезам на референдум и ќе гласам ЗА

На 30-ти септември ќе излезам на референдумското изјаснување и ќе гласам ЗА! Ќе гласам ЗА, не затоа што мислам дека Преспанскиот договор е голема победа и успех, туку затоа што сметам дека е нужност од која во даденава ситуација нема бегање, вели во пишаната изјава за јавноста поранешниот претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски. -  Ќе гласам ЗА, не затоа што мислам дека...

Богата филмска програма на ИФФК „Браќа Манаки“

Во 14 фестивалски програми ќе бидат прикажани речиси 95 филмови на претстојниот 39. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола, кој под слоганот „Симнуваме капа“ ќе се одржува од 22-ри до 29 септември. Во главната програма за трите награди „Камера 300“ (Златна, Сребрена и Бронзена) за најдобар кинематографер ќе се натпреваруваат 12 филмови по избор на селекторот...

Со „Mапа на културата“ го запознаваме Лесновскиот манастир

Еуролинк осигурување во рамки на платформата за корпоративно општествена одговорност, „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, чија цел е поддржување и афирмирање на македонската култура, уметност и образование, петта година по ред ја организира добропознатата активност насловена како „Мапа на културата“. Во изминатите години ги посетивме и ги слушнавме тајните преданија за културните и археолошки локалитети во нашата држава,...

По три години Тамара со нова песна – „Довидување таго“

По три години музичка пауза и денови посветени на мајчинството, Тамара Тодевска деновиве ги израдува обожавателите со новата песна „Довидување таго“, за која е снимен и видеозапис. И зад оваа песна се потпишува тимот што веќе со години низ песна го раскажува животот на Тамара. Музиката и аранжманот се на Роберт Билбилов, текстот на Игор Џамбазов, а видеозаписот на...

Сугарески: Запрените активности на Водно ја намалуваат реализацијата на капитални инвестиции

Реализацијата на капиталните инвестиции на Министерството за транспорт и врски кај основниот буџет заклучно со август изнесува 63,25 проценти. Ресорниот министер Горан Сугарески очекува дополнително зајакнување на реализацијата во третиот и четвртиот квартал и прогнозира до крај на годинава да изнесува над 95 проценти. Дел од процентот на реализација на капиталните инвестиции отпаѓа на сметката заеми, кај која, како...