Евакуација на воени бази во САД пред налетот на ураганот Флоренс

Американската морнарица преместува персонал и бродови, додека Воздухопловството преместува авиони на безбедни локации пред налетот на ураганот Флоренс на источниот брег на САД. Флоренс ќе погоди подрачја на кои се некои од најпознатите воени бази во САД. Илјадници американски маринци заедно со семејствата го напуштија Кемп Леџен во Џексонвил во Северна Каролина, иако не е објавена наредба за задолжителна евакуација....

Јункер за единствен став на ЕУ за приклучувањето на Западен Балкан

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер ја повика ЕУ да дефинира пристап за влезот на Западен Балкан во Унијата. - Ни треба дефиниција за пристапувањето на Западен Балкан. Во спротивно, други ќе бидат во можност тоа да го искористат и да го обликуваат нашето соседство. Проширувањето е успешна приказна, бидејќи ја обединивме Европа и историски и географски - рече Јункер...

Албанија внимателно го следи дијалогот Косово-Србија и ветува помош

Албанија внимателно следи се што е во врска со дијалогот Белград-Приштина, рече денеска претседателот Илир Мета. Тој додаде дека официјалната Тирана е подготвена да му помогне на Косово, како што најави, во сите фази од процесот. Мета го нагласи тоа по разговорите со претседателот на косовскиот парламент Кадри Весели и истакна дека Косово мора да има широк политички консензус за тоа...

Сообраќајот на патот Прилеп-Градско утре со прекини

На експресниот пат Прилеп–Градско, делница Фариш–Дреново, утре поради градежни работи ќе има прекини на сообраќајот. Прекините ќе започнат во 9 и 11 часот и ќе траат околу 30-45 минути. После 11.45 часот сообраќајот ќе се нормализира.

Трамп воведува санкции за оние што ќе се мешаат во изборите во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ за одговорности за мешање во изборите во САД, изјави денеска советникот на Трамп за национална безбеднот, Џон Болтон. - Претседателот Трамп го потпиша указот. Наскоро ќе биде објавен - изјави Болтон. Документот предвидува воведување санкции за странски лица и организации кои специјалните служби ќе ги осомничат за мешање во избори преку кибер-напади или на кој...

„Големата четворка“ не го фрустрира Дел Потро

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро истакна дека е горд што игра во период на „големата четворка“ и дека не го фрустрира тоа што Рафаел Надал, Роже Федерер, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј досега му препуштија само една гранслем-титула. Дел Потро претпе пораз од Ѓоковиќ во неделата во финалето на „САД опен“, а најдобриот српски тенисер ја освои третата титула...

Претседателот на Либерија на 51 година повторно заигра фудбал

Актуелниот претседател на Либерија и поранешен најдобар светски фудбалер Жорж Веа на 51 година настапи за својата репрезентација на пријателскиот натпревар против Нигерија. Веа во текот на професионалната кариера играше за Милан, Монако и ПСЖ, а во 1995 година ја доби наградата „Златна топка“ и од ФИФА беше прогласен за фудбалер на годината. Тој се повлече од активното играње фудбал во...

Заев-Бушати: Охрабрувачка е поддршката на лидерите од регионот за заокружување на евроатлантскиот процес

Во пресрет на утрешната, официјална посета на Република Македонија, премиерот Зоран Заев денеска го прими министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Дитмир Бушати. На средбата, на која присуствуваше и министерот за надорешни работи Никола Димитров, се разговараше за билатералните односи меѓу двете земји, како и за перспективите на натамошната соработка во области од заеднички интерес, вклучително економијата,...

Повеќемина мртви откако автомобил удрил во група луѓе во Кина

Девет лица загинаа, а 43 се повредени откако маж со автомобил влезе на плоштад преполн со луѓе во Кина, јави Би-Би-Си. Според други медиуми, во нападот загинале три лица. Инцидентот се случи во јужниот дел на Кина, во градот Хенгјанг, околу 20 часот по локално време. На социјалните мрежи се објавени снимки и фотографии на кои се гледаат повредени лица како...

Харадинај: Успешниот референдум е во интерес на Албанците во Македонија

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска се сретна со лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА) во Македонија Мендух Тачи, по што порача дека „Албанците треба да се определат за Македонија во ЕУ и НАТО“, јави дописникот на МИА од Приштина. - Денеска имав прилика да се сретнам официјално со Мендух Тачи и да поразговараме за актуелните теми тука и во...