Ураганот Флоренс ја загуби силата
Ураганот Флоренс, кој се доближува до источниот брег на САД, ослабна до ураган од втора категорија според скалата на Сафир-Симпсон од пет степени, соопшти Националниот центар за следење на урагани.
Тој се наоѓа на 520 километри источно-југоисточно од летувалиштето Мартл бич во Јужна Каролина со максимална брзина на ветрови од 175 километри на час.
Невремето се движи кон северозапад со брзина...
Сончево со слаб ветер
Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од шест до 16, а дневната температура од 25 до 32 степенa.
Во Скопје ќе биде сончeво со слаб до умeрен североисточен ветер. Температура ќе се движи од 12 до 30 степени.
УВ индексот ќе изнесува 6.
Продолжува периодот на...
Продолжува судењето за „Таргет-Тврдина“
Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметот „Таргет-Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство, за незаконското следење на комуникациите.
Денеска треба да биде позната и одлуката на Апелацискиот суд дали ќе ја раздвои постапката за обвинетиот Горан Грујовски кој е во бегство, а Судечкиот совет треба да донесе решение и за барањето на СЈО повторно да се...
Шпанија планира да поднесе кандидатура за ЕП 2028
Фудбалската федерација на Шпанија планира да поднесе кандидатура за Европското првенство во 2028 година.
За таа цел се одржа состанок меѓу премиерот на Шпанија, Педро Санчез, претседателот на шпанската федерација Луис Рубијалес и првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино. На состанокот била разгледувана и можноста за Шпанија да биде домаќин на Светското првенство во 2030 година.
Засега не е познато дали...
Русија и Кина ќе продолжат да одржуваат заеднички воени вежби
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека Москва и Пекинг планираат редовно да спроведуваат воени вежби, слични на големата, завчера започнатата вежба „Исток“ (Восток).
Шојгу и неговиот кинески колега, генерал Веј Фин денеска го посетија полигонот во Цугол, Сибир, каде во вежбите учествуваат околу 300.000 руски и близу 3.200 кинески војници.
Еднонеделните маневри „Восток 2018" почнаа вчера во области од...
Могерини денеска на средби во Скопје
Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини утре ќе престојува во Македонија каде се очекува да има средби со македонскиот државен врв и со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.
Како што информира владината прес-служба, Могерини ќе има средба со премиерот Зоран Заев, по што двајцата ќе дадат кратки изјави за медиумите во Турската Чаршија.
Високата претставничка на...
Наградата „Ристо Шишков“ за Благоја Чоревски
Наградата за високо актерско остварување на 26. издание на фестивалот на Камерен театар „Ристо Шишков“ ја доби актерот Благоја Чоревски.
Нему фестивалското жири предводено од српската актерка Тања Бошковиќ наградата му ја додели за улогата во претставата „Квартет“ во копродукција на Македонскиот народен театар и Контрапункт од Скопје, по текст на Роналд Харвуд во режија на Зоја Бузалковска.
Наградата на Чоревски...
Над еден милион лица ги напуштиле домовите годинава поради војната во Сирија
Комисијата на ОН, која го истражува кршењето на човековите права во Сирија, соопшти дека оваа година борбите принудиле над еден милион луѓе да ги напуштат своите домови и да се преселат на друго место во земјата, јави ДПА.
Првпат од почетокот на седумгодишна војна во Сирија бројот на луѓето раселени поради борбите, е толку голем.
Сириските владини сили, поддржани од Русија...
Меркел: Германија треба да реагира ако некој користи хемиско оружје
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави пред Бундестагот дека федералната република треба да е подготвена да реагира доколку во воени зони биде употребено хемиско оружје.
Меркел, пред пратениците рече дека „едноставно кажано, не можеме да гледаме настрана ако некаде се користи хемиско оружје и не се почитуваат меѓународните договори, тоа не може да биде одговор".
Мнозинството Германци се противат на учеството на...
Лорис нема да вози наскоро
Судот во Лондон поради возење во алкохолизирана состојба му изрече паричната казна од 50.000 фунти и му ја одзеде возачката дозвола на 20 месеци на голманот и капитен на англискиот фудбалски клуб Тотенхем и на француската репрезентација, Иго Лорис.
Тој на 24 август бил запрен при рутинска контрола и не го поминал тестот за алкохол, а потоа бил приведен.
Лорис се...







































