Курти: Тачи може да посегне по инциденти, тензии и дестабилизација

Лидерот на опозициското Движење Самоопределување (ВВ), Албин Курти смета дека, по спротивставувањата од страна на меѓународната заедница на плановите на косовскиот претседател Хашим Тачи за поделба на Косово и по националистичкиот говор на српскиот претседател Александар Вучиќ во северна Митровица, на Тачи му се потребни инциденти на терен, нови тензии и дестабилизација на ситуацијата. Како што јави дописникот на МИА...

Опожарени две возила кај „Мајчин дом“

Две патнички возила утринава биле опожарени на паркинг на булеварот „Јане Сандански“ без број, зад ортопедската клиника „Мајчин дом“ во Аеродром.   Во пожарот целосно изгорел автомобил, „шкода фелиција“, а делумно бил опожарен „форд фиеста“. Во гаснењето на пожарот учествуваа четири пожарникари со едно возило. Причинета е материјална штета од 300 илјади денари. Полицијата ќе прави увид. 

НАСА лансираше нов топлотен штит кон Марс

Американската Национална воздухопловна и вселенска агенција (НАСА) вчера го лансираше и тестираше новиот топлотен штит, налик на чадор, којшто отвара можности за испраќање луѓе на Марс. - Новата технологија наречена АДЕПТ е сместена во помала, суборбитална ракета, прилагодена за да овозможи заштита на поголем товар кој влегува во земјината атмосфера - објаснува Брендон Смит, главен истражувач на НАСА за проектот. АДЕПТ...

Локвенец, Атанасов, Ибраими и Кузмановска ќе сведочат за „27 април“

Судскиот процес за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година продолжува денеска со сослушување на сведоци предложени од обвинителството. За денеска е закажано сведочење на Хари Локвенец, Петар Атанасов, Енес Ибраими и Катерина Кузмановска. На минатото рочиште сведочеа поранешниот пратеник Никола Тодоров, пратеникот Весел Мемеди, премиерот Зоран Заев и министерот Оливер Спасовски. Обвинетите во случајот за настаните од...

Јужна Кореја сака да организира СП во фудбал заедно со Северна Кореја, Кина и Јапонија

Јужна Кореја ќе ги повика Северна Кореја, Кина и Јапонија да поднесат заедничка апликација за организација на Светското првенство во фудбалот во 2030 година. Претходно, намерата заеднички да бидат домаќини на Мундијалот во 2030 година од европскиот континент најавија Велика Британија со Ирска, како и Шпанија со Португалија. Од Африка таква иницијатива имаат Мароко, Алжир и Тунис кои планираат да достават...

Тајна видео снимка открива политичка пристрастност во „Гугл“

На интернет протече тајно направена видео снимка на која може да се слушне како директори на интернет гигантот „Гугл“ изразуваат жалење поради победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД во 2016 година. На снимката може да се слушне еден од основачите на „Гугл“, Сергеј Брин како вели дека „ова не е најсреќниот петок што сме го имале, многу...

Стејт департментот изрази надеж за успех на референдумот

Во пресрет на денешната посета на Вес Мичел, помошник-државен секретар за Европа и Евроазија на Македонија, американскиот Стејт департментот изрази надеж за успех на референдумот и повторно укажа на историската важност на Договорот од Преспа. Во изјава за МИА портпарол на Стејт департментот посочи дека имплементацијата на Договорот со Грција ќе овозможи Македонија да стане членка на НАТО како Северна...

Самостојна изложба на Михаела Јовановска во македонскиот КИЦ во Софија

Самостојна изложба на Михаела Јовановска насловена „Златната рипка и потомокот“ ќе биде отворена вечер во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија. Ќе бидат претставени дела создадени во комбинирана техника со користење акрил, принт врз пластична фолија, плексиглас, епоси смола итн. Михаела Јовановска е вработена во Национална галерија на Македонија како соработник за визуелни уметности и дизајн. Додипломски студии...

Палмер: Сите земји од Западен Балкан ќе завршат во ЕУ

Политиката на САД кон Западен Балкан е фокусирана и посветена на помош на земјите од регионот во остварување на нивните цели за приклучување кон европските и евроатлантските институции, изјави вршителот на должноста американски заменик помошник државен секретар Метју Палмер. - Тоа за сите земји од Западен Балкан на крајот значи членство во ЕУ. За сите балкански земји, освен за Србија,...

Барател на азил во Германија скокна од третиот кат на центар за мигранти

Барател на азил од Нигерија, кој требало да биде депортиран од Германија, серизоно е повреден откако вчера скокнал од прозорец на третиот кат на зграда, додека властите се обидувале да го уапсат. Полицијата соопшти дека 25-годишниот маж се затворил во својата соба во центарот за сместување на мигранти во градот Зигмаринген, југозападна Германија. Кога полициските службеници влегле во неговата соба, тој...