Неповторлива глетка на извориштето на Крапска Река
Во периодов имаме изобилство од врнежи од дожд, кои придонесуваат сите водотеци во земјава добро да се наполнат, некои дури и се прелеваат, а акумулациите се над максималната кота. Во тој поглед не е исклучок ниту егзотичната Крапска Река, која извира над селото Крапа, Порече, и која по извесна должина од својот извор понира, а потоа по неколку километри...
Кичевската стилистка Ели Илиоска победи на фестивал за фризури во Охрид
Познатата кичевска стилистка Ели Илиоска на Меѓународниот фестивал за фризури, мода и убавина „Хеар-феар-2018“, што дванаесетти пат се одржа во охридскиот хотел „Аквалина“, го освои првото место во категоријата „женско потстрижување и салонска фризура“. На фестивалот учествуваа стилисти од десет европски земји: Италија, Белгија,Турција, Холандија, Грција, Бугарија, Србија, Косово, Албанија и од Македонија. Гости беа познатиот италијански фризер Џанкарло...
Ќе се прогласуваат заштитени подрачја во брегалничкиот регион
Во моментов површината на постојните заштитени подрачја во сливот на реката Брегалница изнесува само 0,03 проценти од севкупната територија. Со програмата за зачувување на природата во Македонија до 2020 година се предвидува овој процент да се зголеми на минимум три проценти заштитени подрачја, или површина од минимум 13.000 хектари на целиот слив
Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект...
Модерниот хомосапиенс се појавил пред 200.000 години
Според најновите откритија се чини дека хомосапиенс се развил многу порано отколку што се мислело, напуштајќи ја Африка во повеќе бранови
Израелските археолози пронашле остатоци од речиси 200.000 години стари човечки коски од вилица во планината Кармел, предвидувајќи дека тоа откритие ќе промени сѐ што се знае за еволуцијата. Пронајдените коски, чија старост се движи од 177.000 до 194.000 години,...
Во ЦГ има 64 милионери
Во Црна Гора на крајот на минатата година 64 граѓани имале депозити во банките повисоки од еден милион евра, а најголемиот поединечен депозит изнесувал 63,3 милиони евра, соопштија од црногорската Централна банка. Бројот на милионерите во ЦГ е поголем за десет во однос на 2016 година, а износот на најголемиот депозит се зголемил за речиси 50 милиони евра.
Вкупниот износ...
Материјалите се заштитени, се изготвува акциски план за Државниот архив
Владата го задолжи директорот на Државниот архив да изготви акциски план за изградба на нов објект со кој ќе се постигне заштита на долг рок на архивската граѓа, изјави на денешната прес-конференција министерката Зорица Апостолска, објаснувајќи ја вчерашната одлука на Владата за трајно решение на зградата на Државниот архив.
- Одлуката е врз основа на пошироки консултации и фактички увид...
Османи: По нов автопат од Скопје до Приштина за помалку од еден час
Со изградбата автопатот Скопје-Блаце, од Скопје до Приштина и обратно ќе се патува за помалку од еден час, изјави денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.
Тој претседаваше со првиот Министерски состанок, на кој се разгледаа можностите и се идентификуваа првичните чекори за навремена подготовка и реализација на проектот за Изградбата на патниот правец Скопје - Блаце.
- Проектот „Скопје...
Претседателските избори како референдум за НАТО и за ЕУ
Претседателските избори во Црна Гора ќе бидат повторување на референдумот за независност, а истовремено и гласање за НАТО и за ЕУ, оценува московски „Комерсант“. Весникот пишува дека фаворити на изборите на 15 април се лидерот на владејачката Демократска партија на социјалистите и прозападно ориентиран Мило Ѓукановиќ и опозицискиот кандидат Милан Бојаниќ, кого го споменуваат како просрпски и антинатовски политичар.
Кампањата...
Пацоли: Работиме на заедница на српски општини
Косовскиот министер за надворешни работи, Беџет Пацоли, изјави за „Блиц“ дека косовската влада работи на формирање заедница на српски општини, но не може да предвиди дали тоа ќе биде за три недели, односно до 20 април. - Уште пред да се случи несреќниот случај со Марко Ѓуриќ, нашата влада почна активности околу сите бриселски договори, меѓу другото и за...
Харадинај без стабилно мнозинство
Нови вонредни парламентарни избори на Косово се неизбежни по најновите настани и по повлекувањето на поддршката на актуелната влада од пратениците од Српската листа, пишува приштинскиот портал „Зери“. Функционирањето на владата на Рамуш Харадинај, по одлуката на српските пратеници, е речиси невозможно, затоа што сега владејачката коалиција е составена од 53 пратеника од вкупно 120. Во наредните денови се...