НБРМ: Потребни конкретни активности за финансиска писменост на населението

Во Република Македонија потребни се конкретни политики, проекти и поголем број едукативни активности за поголема финансиска едукација на возрасното население. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето спроведено мерење на нивото на финансиска писменост кај возрасното население во државата, коешто Народната банка го спроведе неодамна со финансиска поддршка од Европскиот фонд на Југоисточна Европа, а резултатите беа претставени на состанок на...

Во тетовските средни училишта вкупно 3. 434 слободни места

Во седумте тетовски средни училишта има слободни места за 3. 434 ученика, според објавениот Конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2018/2019 година во Република Македонија на Министерството за образование и наука. Најмногу слободни места има во средното стручно училиште „Моша Пијаде“ каде ќе можат да се запишат 986 ученици. Во 29 паралелки (374 ученици во 11...

Иванов-Церар: Идните напори треба да бидат насочени кон економската соработка

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска го прими претседателот на Владата на Република Словенија Миро Церар, кој престојува во официјална посета на Република Македонија, со кого разговарал за унапредувањето на билатералните односи меѓу двете земји, за политичките актуелности, а биле разменети мислења за предизвиците со кои се соочува регионот на Балканот. - Претседателот Иванов и премиерот Церар ги потврдија одличните односи...

Филозофски филмски фестивал од 12-ти до 19 април

Осмиот Филозофски филмски фестивал од 12-ти до 19 април во официјалната програма ќе прикаже шест долгометражни и 22 кратки филмови кои ќе се натпреваруваат за наградите „Златен був“ - за најдобар филм од жирито и од публиката. Програмата на прес-конференција ја соопшти Филозофското друштво, организатор на фестивалот што ќе се одржува во Кинотеката на Македонија. Втора година тој е меѓународен...

НАСА го ангажира Локид Мартин за изработка на авион побрз од звукот

Американската вселенска агенција НАСА го ангажирала Локид Мартин за проектирање, изградба и тестирање на авион што ќе лета побрзо од звукот и ќе го пробива звучниот ѕид со многу ниско ниво на бучава. Договорот е вреден 247,5 милиони американски долари, а пробниот лет на авионот е најавен за 2021 година. Експерименталниот авион ќе лета на височина од 16,8 километри со брзина...

Боречките вештини на армиските „Волци“ на плоштад „Македонија“

" order_by="sortorder" order_direction="ASC" returns="included" maximum_entity_count="500"]

Бејли: Постои реална можност Македонија наскоро да стане дел од НАТО

Реалната можност Македонија наскоро да се приклучи кон НАТО е најголемата разлика кога зборуваме за земјата денеска во споредба со минатото, порача американскиот амбасадор Џес Бејли денеска на трибината „НАТО и ти“, организирана од Министерството за одбрана, Евроатлантскиот совет на Македонија (АТА-Македонија), НАТО Канцеларијата за врски и Хрватската амбасада по повод Денот на Алијансата – 4 Април. - Што значи...

ОЈО ќе го истражува ревизискиот извештај на МЕПСО за 2016 година

Владата на вчерашната 62. седница донесе одлука ревизискиот извештај на МЕПСО за 2016 година да биде испратен до Основното јавно обвинителство со цел дополнителна проверка на два индикативни наоди и започнување евентуални постапки, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на Владата Миле Бошњаковски. - Првата се однесува за купување на имот. Во 2011 година МЕПСО добила понуда да откупи имот од...

Пожар во трговски центар во Москва, еден загинат

Едно лице загина во пожар во трговски центар во источниот дел на Москва, јавуваат руските медиуми. Според извори во службата за вонредни ситуации, евакуацијата е во тек, а досега се евакуирани околу 700 луѓе. Во гасењето на пожарот, кој избувнал заради краток спој, учествуваат и два хеликоптера „КА-32“. https://www.youtube.com/watch?v=Mbo_N2hoLsI РИА Новости наведува дека инцидентот се случил токму во моментот кога во трговските центри...

Британците не сакаат заедничка истрага со Русите за случајот „Скрипал“

Британската делегација во Организацијата за забрана на хемиско оружје го отфрли рускиот предлог за заедничка британско-руска истрага за труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал. - Тоа е диверзантска тактика, направена со цел со новите дезинформации да се избегнат прашања на кои руските власти мора да одговорат, пишува на Твитер британската делегација која предлогот го нарече „перверзен“. Директорот на руската Надворешна...