Брисел трасира, Коѕијас ќе ги утврдува црните точки на патот кон ЕУ

Зголемената динамика на посети и средби на високи европски функционери со државниот врв, но и упатените пораки, каква што беше таа на шефот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, дека Македонија е на вистинскиот пат, како и најавеното пристигнување на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, според познавачите на состојбите, говори дека разговорите за името влегуваат во нова фаза...