Литературно читање за Светскиот ден на поезијата во градската библиотека во Кичево
По повод Светскиот ден на поезијата, членовите на Литературниот клуб „Китка“ од Кичево, во градската библиотека читаа дела и секој автор имаше можност да прочита по две свои творби. На ова литературно читање учествуваа локалните автори: Оливера Ширгоска, Мира Илијоска, Нашата Наумоска, Јован Миноски, Лидија Аврамоска и Алексо Тришоски.
- Денешното читање во градската библиотека во нашиот град го посветуваме...
Ринго Стар стана витез
Тапанарот на легендарните „Битлси“, Ринго Стар, денеска беше прогласен за витез во Бакингамската палата, а по церемонијата славниот музичар се пошегува со новинарите велејќи дека отсега очекува покрај името да му ја додаваат и титулата.
Ринго Стар (77) на свеченоста се појави со својата сопруга Барбара Бах, а за витез го прогласи принцот Вилијам, кој му го врачи церемонијалниот меч...
Ученици од цела Македонија се натпреваруваа во пеење на француски јазик
Тетово беше домаќин на Државниот натпревар во франкофонска песна 2018 за ученици од основни и средни училишта во организација на Француска алијанса. Првото место во категоријата основни училишта го освои Симеон Гошев од ОУ Димитар Миладинов од Скопје. Втора е Јована Здравевска, од ОУ Даме Груев од Битола, додека третото место го делат: Александра Трајчевска од ОУ Кире Гаврилоски...
Манчевски: Не знам колку и како филмот ќе биде разбран
Најновиот американски филм „Бикини Мун“ во режија на Милчо Манчевски својата премиера ќе ја доживее на 22 март во киното „Милениум“ со почеток во 20 часот.
По тој повод Манчевски имаше средба со новинарите на која присуствуваа и композиторот на музиката за филмот Игор Василев – Новоградска, британскиот дизајнер на продукција Дејвид Манс, кој како дизајнер на продукција има работено...
Вардар двојно зголемен во Велес
Нивото на Вардар во Велес измерен на мерното место кај Мало Мовче во близина на градскиот пазар денеска изнесува 170 сантиметри, информираат од Центарот за справување со кризи.
Во информацијата дадена за МИА, се нагласува дека иако Вардар во изминатите шест дена пораснал за 90 сантиметри, споредено со 14 март кога биле измерени само 80 сантиметри, сепак, ова ниво е...
Украле бакар за 8000, а направиле штета од 360.000 денари
Непознати сторители од трансформатор за дистрибуција на електрична струја на манастирот „Свети Константин и Елена“ одзеле бакарни елементи со тежина од 30 килограми и бакарен електро проводник. Тие противправно се стекнале со вредност од околу 8.000 денари, а на трансформаторот нанеле штета околу 360.000 денари.
- Во временски период од 11:00 часот на 19 мат до 05:00 часот на...
Благодарници на крводарителите од Кичево за нивните јубилеи
Општинската организација на Црвениот крст Кичево, со мала свеченост денес го одбележа Денот на Црвениот крст на Македонија. На одбележувањето присутните најпрво ги поздрави Емин Зејно, претседател на ОО на Црвениот крст Кичево. Тој им се заблагодари на крводарителите за нивната хуманост и јубилеи.
- Со денешната свеченост го одбележуваме Денот на Црвениот крст на Македонија. На доброволните дарители на...
Сушица се наполни со вода
Самото име на градската река во Кичево, Сушица, асоцира на суво корито, со малку вода, а во поголем дел од годината и со целосно пресушено корито. Но во последните два месеца, по интензивните врнежи од дожд и снег во регионот, градската река континуирано е со полно корито и така ќе остане сѐ додека има поволна хидролошка состојба во земјава.
-...
Граѓаните го изразија својот револт за случајот „Алмир“ пред Владата
Граѓани денеска протестираат пред Владата во знак на револт поради преквалификација на делото од „убиство со умисла“ во „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ во случајот со загинувањето на четиригодишниот Алмир Алиу од Куманово.
Учесниците на протестот носат транспаренти „Нема правда, нема мир“, и „Каде ви е совеста македонско обвинителство“, како и детски играчки и детска...
„Моден викенд“ под слоганот „Што ја храни твојата имагинација“
Седумнаесеттиот „Моден викенд Скопје“, од 30 март до 1 април, ќе биде домаќин на најновите дизајнерски колекции, во една од најстарите културни установи во Македонија, националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје.
Сезоната пролет-лето, под слоганот „Што ја храни твојата имагинација“, ќе ја отвори ревијата на дизајнерите Роберт Ивановски и Евгенија Зафировска, со колекцијата „Архитектура во движење“....