Филмот „Бикини Мун“ од вечер пред македонската публика

Во кино „Милениум“ вечер од 20 часот скопска премиера ќе има петтиот игран филм на Милчо Манчевски - американскиот „Бикини Мун“ кој македонскиот режисер во целост го сними во Њујорк со меѓународна екипа. По првата, филмот вечер ќе има уште една проекција - од 22 часот, а од утре ќе биде на редовниот репертоар на киното, од 20 и од...

Заканите за бојкот на СП и понатаму се само политички

„Дипломатската блокада“ на СП во Русија доби нови импулси во најавите од нови земји што наводно нема да испраќаат официјални лица во знак за поддршка на делумниот бојкот на Велика Британија. Досега нема најава за спортски бојкот од ниту една од 31-те земји што се квалификуваа на СП Додека Русија ги привршува подготовките во пресрет на Светското првенство (СП) во...

Подигнато обвинение против Саркози

Поранешниот француски претседател Никола Саркози е обвинет во рамки на истрага за либиско финансирање на неговата изборна кампања за претседателските избори во 2007 година, јавија француски медиуми повикувајќи се на судски извори. Саркози е обвинет за „пасивна корупција, илегално финансирање изборна кампања и влијание врз либиските јавни средства“, прецизирал изворот. Според него, поранешниот претседател на Франција и понатаму е под судски...

Западен Балкан на агендата на претстојниот Самит на ЕУ

Денеска и утре во Брисел ќе се состанат шефовите на држави и влади на Европската унија. На агендата на лидерите ќе се најдат трговијата со САД, односите со Русија и со Турција, Западен Балкан и Брегзит. Лидерите ќе ја разгледуваат новата европска стратегија за проширување кон Западниот Балкан, презентирана на почетокот на февруари, а можна е и размена околу спорот...

Поради снегот во Скопје неколку автобуски линии се во прекин

Поради снегот денеска во Скопје повеќе градски и приградски автобуски линии се скратени. Не сообраќаат автобусите со број 69 и 69а. Како што информира ЈСП Скопје, автобусот со број 25 место до Средно Водно сообраќа до Панорама, а автобусот со број 28 место до Нерези (Македонско село) сообраќа само до Козле. Од приградските линии, автобусот со број 65 место...

Коѕијас денеска пристигнува во Македонија

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас денеска треба да слета на меѓународниот аеродром Скопје во прва посета на земјата, по преименувањето на аеродромот, што беше една од отстапките, кои македонската Влада ги направи во процесот на преговорите меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името. Коѕијас денеска треба да пристигне во земјава, а за утре, како што најави...

Снегот го отежнува сообраќајот, застој на неколку патни правци

Снегот што од синоќа интензивно паѓа предизвика застои во сообраќајот на неколку патни правци, особено во западна Македонија. АМСМ и ЈП Македонијапат информираат дека од 06:20 часот е воведена забрана за движење на камниони на регионалниот пат Дебар-Маврово. Од 05:30 часот забрана за сообраќај на камиони има на магистралниот пат Гостивар - Кичево, преку планинскиот превој Стража. Сообраќајот на другите државни патишта...

Во Кривичниот суд продолжува судењето за „Тарифа“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи рочиштето за случајот на СЈО „Тарифа“, во кој се обвинети поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски и уште други две лица. Обвинителите на СЈО на претходните судски рочишта рекоа дека ќе докажат оти тројцата обвинети ја злоупотребиле службената положба и овластувањето. Обвинетите се изјаснија дека не се виновни. Според обвинението...

Времето денес облачно и студено

Времето во Македонија ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег, во јужните делови од дожд и снег, а во крајниот југоисточен дел од дожд. Можна е изолирана појава на замрзнат дожд. Утре на повеќе места врнежите ќе бидат пообилни и ќе наврнат над 15 л/м2, а во североисточниот дел и над 20 л/м2. Во поголем дел...

Вучиќ: Нека размислат дали сакаат компромис или понижување на Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека Србија секогаш е подготвена за разговор и компромис со цел решавање на косовскиот проблем, но оти не е подготвена на понижување. Како што јави Танјуг, Вучиќ тоа му го порачал и на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш со кого се сретна со Њујорк, но и на многу средби со функционери чии земји...