Не случајно традиционалниот македонски комат се јаде заеднички со сите членови на
поширокото семејство и не случајно постарите членови (бабата или дедото) го делаткоматот речиси еднакво за сите присутни. Затоа семејниот собир, како што е собирот околу коматот, е многу повеќе од заедничко јадење, тоа е посебен чин на споделување и заемно почитување. Со споделувањето на коматот, поединците се здружуваат, ги зајакнуваат врските во заедницата и го зајакнуваат чувството на припадност. Споделувањето на коматот од социолошки аспект е и најважниот момент, потврда за семејниот живот, за грижливата улога на мајката и авторитетот на таткото. Доколку бабата или мајката не го подели коматот на сите членови, тогаш таа баба или мајка не само што нема грижлива улога кон семејството туку, напротив, го урнисува семејството
Заедничките гозби одамна се суштината на општеството и неговото единството, тие ги отсликуваат вредностите и историјата на заедницата, ја одразуваат поврзаноста. Преку нив поединците го почитуваат минатото, ја слават сегашноста и го пренесуваат наследството на идните генерации. Неколку археолошки истражувања укажуваат дека заедничките гозби се суштински општествени механизми на древните цивилизации, односно споделувањето на храната имало фундаментална улога во негувањето на врските во заедницата и воспоставувањето општествени хиерархии. Во таа смисла заедничкото приготвување и поделба на храната не се само практика што го храни телото туку и општествена врска што поврзува, нешто што ја создало цивилизацијата.
Од антрополошки поглед, во срцето на заедничките гозби лежи и симболиката на единството и реципроцитетот. Затоа овие собири се повеќе од само заедничко јадење, тие се чин на споделување и заемно почитување и се суштински во негувањето на општествените врски и хармоничниот соживот. Преку споделувањето на храната, поединците се здружуваат, ги зајакнуваат врските во заедницата и го зајакнуваат чувството на припадност. Тоа ја зацврстува културната симболика што ја носи гозбата како средство за славење и зачувување на наследството.
Во таа смисла не случајно традиционалниот македонски комат се јаде заеднички со сите членови на поширокото семејство и не случајно постарите членови (бабата или дедото) го делат коматот за сите присутни. Затоа семејниот собир, како што е собирот околу коматот, е многу повеќе од заедничко јадење, тоа е посебен чин на споделување и заемно почитување. Со споделувањето на коматот, поединците се здружуваат, ги зајакнуваат врските во заедницата и го зајакнуваат чувството на припадност. Споделувањето на коматот од социолошки аспект е и најважниот момент, потврда за семејниот живот, за грижливата улога на мајката и авторитетот на таткото. Доколку бабата или мајката не го подели коматот на сите членови, тогаш таа баба или мајка не само што нема грижлива улога кон семејството туку, напротив, го урнисува семејството. Тоа урнисување води кон загуба на моралот, морал што е потребен за соочување со надворешни влијанија. Но заедничкото јадење е и можност да ја научиме заедничката семејна историја, а доколку бидеме одвоени до споделувањето на коматот (заедничката гозба), тогаш немаме своја мината историја, потекло и култура, тогаш сме како дрво без корени.
Доколку општеството или државата ги разбираме како едно поголемо и побројно семејство, тогаш заедничкото седнување на трпезата е симбол на единството, односно заедничкиот оброк ги симболизира и заедничките вредности во заедницата. Во таа смисла споменатиот чин го негува чувството на припадност и солидарност меѓу поединците во рамките на општеството, нацијата или државата. Оттука, заедничкото јадење не е прашање само на опстанок туку и чувство на заедница, односно оние што јадат како нас, имаат врска со нас, тие се такви какви што сме ние.
Во рамките на едно општество или држава, доколку коматот не се дели за сите, слично како и во семејството, ослабуваат заедничките врски, нешто што води до урнисување на општествениот или државниот поредок. Затоа како општество, држава и нација мора да се трудиме при заедничките гозби и поделбата на коматот да учествуваат сите припадници на заедницата, а не само неколкумина (политичари и блиски на нив), бидејќи тоа негативно се одразува врз општествените и националните врски, врски што се суштински за интегритетот на државата.