„Европа по инерција трупа сѐ во грчка
вреќа“ Д.Х. Лоренс
Да. Како што сведочи крунски Плутарх, Александар Македонски на своите воини им рекол: „Јас за Македонците го освојувам светот“. Така. Никако поинаку. Но парадоксално, според Дројзен и цела Западна Европа испаѓа дека тој за Грците го освојувал тој огромен свет од Пела до Индија на Исток и до египетските пирамиди и Халдеја на југ. За тоа војувале и попатно по секоја битка правеле свадби Македонците, не за славата на Грците и грчката цивилизација. Но сепак постојат и во гркопатолошка Европа луѓе со длабок аналитички ум, чесни истражувачи и мислители што не му подлегнуваат на Дројзеновиот мегафалсификат и го демаскираат априористичкото цивилизациско „грчко чудо“. Па и еден длабок ум и хуманист каков што е Томас Ман, безмалку вчудовиден од некритичната гркоманска идолатрија на Европа, не можел а да не се запраша зошто таа скоро сите карти ги фрлила на Грција, без остаток, а ја запоставила на сметка на тоа јудео-христијанската цивилизација, која во некои аспекти е и поважна за неа, особено за нејзината нововековна историја по Христа. А францускиот учен, пак, А. Мартине, кого го цитира Лидија Славеска во „Македонската генеза“, целосно се сомнева во научната идолатроска поставеност на проектот „грчко чудо“. Тој вели: „Често се говори за грчкото чудо. Но ако се дистанцираме од терминот, кој може да го запре размислувањето и да го закочи истражувањето, ќе видиме дека се работи за донекаде на наивен начин за опишување на оној величествен амалгам од творечки сили и голем растеж, роден во симбиоза меѓу духовната плодност и агресивноста на номадите“.
Сè е јасно. А. Мартине едноставно со еден потег го тргнува мистичниот превез, кој ѝ ги затвора очите на Европа за да може реално и јасно да ја види во широк план отворената и голема културно-цивилизациска слика, како што вели францускиот истражувач и мислител, „меѓу дунавската плодност и агресивноста на народите“. Сликата што е величествен амалгам од творечки сили и растеж а тоа значи дека нејзиниот амалгам како таков е резултат на повеќе култури и цивилизации што се проткајувале и дополнувале меѓу себе. Со еден збор, таа слика на исклучиво грчка како што смета Дројзен и неговите европски папагали. Слика што ги исклучува амалгамот, синтезата, дури и со македонската цивилизациска супстанција, бидејќи едноставно таа и според логиката на „Оксфорд“, „Кембриџ“ и „Сорбона“ е априори грчка и тука нема дискусија. А тоа е, драг читателу, сериозен научен, но во склоп на нештата и етички дефект. Бидејќи по дефиниција сите фалсификувани „чуда“, како грчкото, во историјата се конструкт и на отсуство на етика кај истражувачите. Но моралните и етичките доблести кај Европа се одамна исчезнати. Ги нема. Тоа е цивилизација што самата себеси на многу начини се обесчестила, а најмногу обесчестувајќи ги другите, меѓу нив најмногу нас Македонците, кои уште пред столетие и нешто дијагностички сме ја детектирале неа како „Вавилонска блудница“.
Па сепак совеста е саатот што никогаш не престанува да работи, не само во индивидуалната туку и во колективната психа на народите што правеле злодела кон другите послаби народи. Имено, како што тоа го правеле Европа и Грците кон Македонците со намера од нивни, а од нас познати причини да го досмачкаат „смачканото племе“ (Б. Конески) на Балканот, оставено на бришан простор како цел за уништување од сите четири страни. Племе, како што го гледаме јасно денес тоа, одбрано уште пред столетие и кусур од западната цивилизација за отстрел. А сето тоа се прави со една единствена цел: да се потврди како европски ариевски (според примерот на германската раса на Хитлер) феноменот „грчкото чудо“.
И тој европски проект за ништење на Македонците, како физички така и идентитетски, трае видливо од Берлинскиот конгрес 1913 до денес. Нешто од тој демонски проект е завршено, нешто се дозавршува. Европа има многу работа и мака со Македонците, можеби повеќе од каде било во светот во нејзините крстоносни и колонизаторски походи.
Но кој црв на совеста ја гризе Европа, а со неа и нејзината патолошка миленичка Грција во однос на современите Македонци, бидејќи античките со целата античка македонска династија до Архелај до Филип и Александар како Грци ги вклопија во фантомското „грчко чудо“ на Дројзен и европската историска наука што ги отера домородните балкански Словени во п. м. зад Карпатите, само и само супсахарските африкански Грци (Данајци) да бидат фиданка на Пелазгите и балканско домородно население? Еве го, драг читателу, црвот на совеста работи. И Европа и Грците се свесни, можеби како што би рекол Фројд повеќе во потсвеста, дека постои еден мал народ на Балканот, кој и покрај сите историски помории успеал до денес низ сите тажни премрежиња да го изнесе своето големо културно-цивилизациско име. Него уште Ѓорѓија Пулевски го возвелича, пловејќи назад до неговата античка генеза, во својата „Славјаномаќедонска историја“ во деветнаесеттиот век. Тоа величие најде одглас потоа и кај Мисирков и Димитрија Чуповски, како и кај илинденската и асномската плејада на македонски револуционери, а по нив и ние, нивните потомци на здравото македонско ткиво, го наследивме тој генерички имот на колективно битие.
Toa. И тука се возбудија, ги фати паника и Европа и Грција, оти видоа дека лагата „грчко чудо“ е фалсификат и нема здрава основа на која може цврсто да стои за да не се урне во провалијата, која не сакајќи му ја ископа Дројзен. Таа психолошка паника, драг читателу, за која зборуваме, поконкретно можеме да ја лоцираме во 1948 кога Европа преку Англија со нејзините американски бомбардери и напалм-бомби го обнови фашизмот за да ги уништи Македонците. Нормално, тие во Егејска Македонија за да им се исчисти етнички територијата на патолошки омилените Грци. И Европа и Грците ги вознемируваше фактот, драг читателу, дека некој друг го носи сега името Македонија и Македонец како свој генерички, онтолошки имот, а не Грците на кои тој беневолентно им е даден и од највисоките европски „научни“ институции. И како што гледаме, лека полека, се остварува пророштвото на Томас Ман: „Хитлер е победен, но не и фашизмот“. И еве, модерниот европски фашизам по германскиот фирер се реализира врз грбот на Македонците во фази. Причината е проста и неа ја објасни македонскиот поет, лингвист, мислител и пророк Блаже Конески: „Големо ни е името, ќе посегнат да ни го земат“. И тој непогрешливо ја фиксира психолошката и етичката агонија на Европа и Грција, нејзината сијамска близначка во морална и секаква друга расипаност. Таа агонија што може да се именува како македонофобија, пак, кулминираше по распадот на Југославија со формирањето на независната македонска држава, која фактички никогаш и до денес и не заживеа како таква.
Целата операција што требаше да ја изведе бриселска Европа заедно и со Вашингтон за тргнување на Македонците од историската мемориска сцена засекогаш беше планот за нивна идентитетска ликвидација, кражба на името, а со тоа на сè друго. Планот е договорен и во Вашингтон и Брисел заедно со Грците „лицем светци, срцем волци“ (Прличев). За таа цел Грците во 1988 кај кои беше прогонувано името Македонија со него како гром од ведро небо ја именуваа северна Грција со него, а аеродромот во Атина со Александар Македонски. И македонската идентитетска катастрофа се наѕираше. По две години со таканареченото осамостојување влеговме во новата држава со срамното БЈРМ, а малку потоа во 1992 беше донесена европската нацифашистичка Лисабонска декларација. Во неа на еден цел народ, Македонците, му се забранува да го користи понатаму своето генеричко име бидејќи истото тоа сега им се подарува на Грците. Притисокот за преименување, односно поисправно за обезимување, знаеш драг читателу, беше неверојатно голем и понижувачки. Македонците беа и се стигматизирани како некој вид непотребен отпад во западната цивилизација, сега на бриселска Европа до гуша во неморал и корупција. Обезименувањето беше извршено со гробницата во Преспа во јуни 2018. За да стаса до неа, вавилонската бриселска блудница се послужи со македонските изроди од родот, во прв ред со најизродите Заев и Димитров, и заедно со нив целата одродничка (анти)македонска партија СДС(М), која покажа, како и Брисел и Вашингтон, нацифашистички капацитет за идентитетското усмртување на сопствениот народ. Сега таа го спроведува и дефинитивниот геноциден чин на менување на личните документи на Македонците, кои со таа операција од лични стануваат безлични. Тоа се посмртници на последните остатоци од племето што долго време оваа цивилизација го става од гробница во гробница, сè до Преспа 2018, да го ликвидира, како што замислила до последниот атом. Но и покрај Преспа, Брисел и Вашингтон со нивните балкански предатори сè уште не се сигурни дека Македонците се апсолутно ликвидирани, па покрај грчката преспанска гробница сега забрзано, пак со помош на недобројните македонски изроди, им копаат уште една, бугарска, идеја што е поддржана од новиот француски Маркиз де Сад, Емануел Макрон. Оти Европа треба покрај грчкото, да го обнови и одбрани и бугарското „чудо“, чиј фалсификат не е помал од грчкиот.
Тоа, драг читателу. А ние се молиме да има што повеќе свадби, песни и ора. Тоа е нашето оружје. Со тоа сме се бранеле, со тоа и ќе се одбраниме.
(крај)