Да не се лажеме, јас не простувам

Во принцип, убеден сум дека порано или подоцна, на еден или на друг начин, заради една или друга причина, секој човек е подготвен да му прости на друг човек што му сторил неправда, но само под еден услов – дa добие извинување за неправдата што му е сторена. Ова е почетокот и крајот на процесот што главно води кон помирување со самите себе, а потоа кон помирувањето еден кон друг. Драги мои, како што одминува времето, како што се движиме кон разврска на седумгодишното владеење на СДСМ, така сѐ повеќе и повеќе ќе се зголемуваат наративот, јавниот говор, личните егзалтации, но и нарачаните пропаганди за меѓусебно простување и помирување! И ова не е првпат, кога ја губат власта, кога се на заминување, да бараат прошка и помирување од оние на кои додека биле на власт им направиле зла и неправди, дотолку големи, што мораат да се простуваат за да може општеството да застане на некаква точка од која ќе се придвижи напред кон иднината, во која повторно еден ден пак ќе бараат да им се простува. Во поновата македонска историја така било со процесот на транзиција до 1998-та, по војната во 2001-та и, на крајот, кога од позицијата премиер Никола Груевски ја дезавуира основната политичка точка на своето политичко дејствување, па во 2008 година промовираше помирување преку процес на вклучување на црвената буржоазија и нејзините деца и внуци во сите сфери на власта. Во тој процес на простувања најголемиот општествен простор што Груевски им го отстапи беа јавниот живот, образованието, културата, уметноста и медиумите, со чија помош девет години подоцна нелегално и нелегитимно истите тие на кои им прости, го симнаа од власт! Точка по „простувањето“! За една година започна прогон на Македонци од страна на комуњари, сдсмовци, а подоцна и северџани по идеолошка и политичка припадност. Процес што трае сѐ уште. Резултатот е илегално бегство од Македонија на човекот што им прости, обвиненија и пресуди за тероризам против невини луѓе, истраги и кривични прогони на над пет илјади члена, поддржувачи и функционери на ВМРО и затворски казни во (според сите правни и судски практики) искомпромитирани и нарачани политички процеси.

Во меѓувреме, наспроти противењето на најголемиот број Македонци по род, ги потпишаа договорот со Бугарија и договорот од Преспа и направија нови политички отстапки, водејќи ја државата кон нови поделби и политички антагонизам. Во тој ѕверски глад за крв и човечко месо се најдов и јас, за жал и моето семејство. Поминав истраги и обвиненија за сторени дела што беа и се надвор од она што мојот ум и мојата човечка нотропија можат да го смислат, а не пак да го направат! Видов како во родната куќа, на најпитомата улица во Струмица, со безумна сила од хермелини, џипови, специјални оружја, до заби вооружени полицајци притвораат седумдесет и петгодишен човек што едвај се движи, а дополнително малтретираат и седумдесет и двегодишна жена што лежи во кревет со скршен колк. Прашав: Зошто е сето ова? Ми рекоа: Да не побегнат „сомнителните лица“! Не прашав ништо друго. Зошто да се прашува што и да е, кога одговорот може да предизвика болка поголема од таа што ја гледаш пред себеси? Да, се обидувам оваа моја колумна да ја субјективизирам, да ја направам лична, затоа што не можам и не сакам за простување да зборувам во името на други луѓе. Простувањето го сметам за чин на крајно индивидуална одлука, која има смисол да се донесе само ако оној што ќе прости може да живее со тоа простување. Затоа што полесно се живее со омразата, отколку со прошката. Така велат оние што веќе простиле. Ете, затоа, ќе зборувам во мое име, само во мое име – ЈАС НЕ ПРОСТУВАМ! Не им простувам на крвници што се хранат од неправдата што им ја нанесуваат на најблиските, на своите браќа и сестри. Не им простувам на човечки изроди што дишат од здивот на болката на нашите мајки, на нашите сестри, на нашите жени и ќерки! Не му простувам на човечки отпад што живее во изметот на злото од светот во кој се раѓа и живее во чемер и јад. Не им простувам на исфрустрирани ко…иња на кои им беше простено, не еднаш и не двапати и не прекумера.
Не ѝ простувам на ѓаволска сила што секое мое простување, наместо како моја доблест, го доживува како моја слабост и потоа ме напаѓа и убива уште пожестоко и уште понемилосрдно! Затоа овој пат нема да простам! Нема да простам заради нив самите! Нема да простам затоа што тие немаат човечки својства да го видат, да го разберат и да се засрамат од злото што го прават! Нема да му простам на болно семе што се осеменува и раѓа монструми и џелати.

Нема да простам, сакам да видам како лелекаат и проколнуваат до бес. Јас сакам да ги видам нивните мајки, нивните сестри, нивните жени и нивните ќерки како лелекаат, кубат коси и кинат кошули од болка, онака како што нашите мајки, нашите сестри, нашите жени и нашите ќерки трепереа, а некои и ден-денес треперат пред нив и нивниот меч над нашите глави!
Јас нема да им простам на ѕверови што немаат милост за нашите стари татковци и нашите стари мајки! Јас нема да простам затоа што тие немаат милост ниту за оние по нас. Нема да им простам на лажговци што одат по амбасадите на Америка, Британија и Франција и лажно сведочат дека сме им непријатели на тие земји и тие народи. Прашувам: Никогаш ли не помисливте дека тие што ве примаат, сепак, се само службеници, кои во нивните тефтери ги запишуваат нашите имиња, но и имињата на нашите деца и внуци?! Вие што прво нѐ клеветите, а потоа вапсувате зелени јајца со вашите деца на Велигден и им се заветувате на иднина и среќа, помисливте ли дека само ден пред тоа во некоја амбасада сте ги убиле иднината и среќата на нашите деца и внуци?! Не сте, знам. Како што не знаете дека, додека им целувате раце на чесни владици и се крстите во светите цркви, прекршувате една од десетте божји заповеди: НЕ СВЕДОЧИ ЛАЖНО ЗА БЛИЖНИОТ СВОЈ! Нема да ви простам затоа што вие и не разбирате дека правите грев и неправда. Тоа не стигнува до вас. Да ви се прости вам е исто како да му се прости на волк што заклал стадо овци. Ако го оставиш, тој пак ќе го направи истото тоа. Тоа е во неговата природа и посилно е од него самиот. Нема зошто да им се простува на умноболни. Тие не се виновни, само се болни и треба да се стават во институции, и мора да се згрижат и лекуваат. Вие не сте за во затвор, вие сте за во лудница. И сосема на крајот. Дури и да ви простам денес, во сегашноста, вие самите веќе сте направиле зло и неправда во иднината. Мојата прошка е бесмислена. ЈАС НЕ ПРОСТУВАМ. Јас сакам чесен суд. Јас сакам правда. Нема правда, нема мир. Мене тоа не ми значи ништо. Јас правда сакам, а мир, никогаш, ама никогаш, додека дишам, до последниот здив, е мир, мир нема да имате! За правдата ќе ви простам, но за тоа што ми го зедовте мирот не можам дури и да сакам да проштевам! Мирот ми го зедовте и мир немам, па мир не можам да ви дадам! Додека сум жив ќе живеете во немир. Помирете се со тоа. Мир нема да имате. Единствен начин да се спречи ново предавство и ново зло е да живеете обележано, во немир и страв.

Авторот е режисер и универзитетски професор