Првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити денеска во Вашингтон присуствувал на „Молитвениот појадок“, кој обединува политички лидери и влијателни личности од целиот свет, соопштија од Демократското движење.
Меџити, како што е наведено во соопштението, ја истакнал важноста на дијалогот и клучната улога на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави. Тој нагласил дека за време на неговата посета на Вашингтон е посветен на зајакнување на врските на Македонија со демократскиот свет, промовирајќи заеднички вредности и пријателство меѓу народите.
– Вербата, вредностите и пријателството меѓу народите се мостовите што нѐ поврзуваат и врз кои треба да ја градиме инклузивната иднина – истакнал Меџити.
За време на престојот во САД, како што се наведува во соопштението, Меџити остварил значајни средби, потврдувајќи ја посветеноста на Македонија за продлабочување на меѓународната соработка и зајакнување на стратешките партнерства.