ФОТО:МИА

Украинската Влада усвои резолуција за спроведување на договорот за слободна трговија со Македонија, усвоен во октомври 2022 година, соопшти РБЦ-Украина повикувајќи се на Министерството за економија.

Според трговскиот претставник на Украина, Тарас Качка, оваа резолуција ќе овозможи договорот за слободна трговија меѓу Украина и Македонија, ратификуван пролетта, целосно да биде применет.

Тоа ќе овозможи и промена на механизмот на царинење на земјоделски производи и увоз на стоки од Македонија без давачки во рамките на тарифната квота.

Распределбата на квотите во согласност со Договорот за слободна трговија меѓу земјите ќе ја вршат царинските органи по принципот „прв дојден, прв услужен“.

-Важно достигнување за Украина во врска со договорот е пристапувањето на Северна Македонија кон регионалната конвенција „Пан-Евро-Мед“, која воспоставува идентични правила за потекло на стоката и сертификатот за превоз на стоки ЕУР.1. потврдувајќи го статусот на преференцијално потекло на стоката, објасни Качка.

Претходно, РБЦ-Украина објави дека Украина и Македонија договориле „транспортно патување без визи“, со што се предвидува укинување на дозволите за билатерален и транзитен превоз за возила од стандардот Еуро-3 и погоре.