Фото: З.А.

Синоќа во Тетово по триесетти јубилеен пат се одржа настанот на мултиетничкото и мултикултурно здружение „Вешта жена“.

Во силна и изедначена конкуренција во категорија „Гран при“, Оливера Ширгоска од Кичево го освои третото место за тематската маса „Сончогледи“, наменета за децата со посебни потреби.

-Задоволна сум со пласманот на „Вешта жена-2022“. Јас во категорија „Гран при“ со тематска маса наречена „Сончогледи“ го освоив третото место а истата е посветена на децата со посебни потреби. Идејата за овој аранжман се роди пред три години во Струга на еден настан посветен токму на овие деца и тогаш си ветив дека ќе подготвам маса специјално со оваа цел. Мора да бидам задоволна од остварениот пласман, бидејќи јас знам често да кажам дека во „Вешта жена“ сите сме најдобри и победнички, бидејќи не поврзува пријателство, позитивна енергија и спомените кои се гомилаат низ годините во големото семејство на оваа манифестација. Најважно е што нашето пријателство енергија и љубов не обединува сите нас и трае полби три децении – истакна Ширгоска.

Таа потсети дека излегла од печат монографијата за „Вешта жена“ чиј автор е самата Ширгоска, инаку позната романсиерка и поетеса од Кичево.

З.А.