Фото: МОН

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска информираше дека се работи на законот за студентски стандард и дека студенскиот оброк ќе остане 140 денари, но дека ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти.

На прашањето дали ќе има измена на моделот на студентскиот оброк и во кој правец се размислува, Јанвеска одговори потврдно.

– Да, се планира, во овој момент работиме на законот за студентски стандард. Според дописот што го имаме добиено од студентите, студенскиот оброк ќе остане 140 денари, но, ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти – информираше Јаневска, за време на посетата на „Саемот за образование“ во организација на студентската иницијатива „Студентарија“.

Таа соопшти и дека реновирањето на студентскиот дом „Пелагонија“ ќе почне откако ќе бидат завршени двата дома што сега се разубавуваат.