Средбата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања, која се одржува во Софија после подолго време со физичко присуство дава повеќе можности за разговори, смета министерот за надворешни работи Бујар Османи.
– Тоа е редовен циклус на средби на Историската комисија. Се случува во Софија, после подолго време со физичко приуство што сигурно дава повеќе можности за разговори – истакна Османи одговарајќи на новинарско прашање за средбата на Комисиајта која втор ден заседава во Софија, пос прес-конференцијата со шефот на српската дипломатија Никола Селаковиќ.
Тој најави дека се очекува од членовите на македониот тим по средбата МНР да биде информирано за нивните впечатоци за разговорите средбата, а потоа и јавноста.
Членовите на македонско-бугарската Заедничка комисија за историски и образовни прашање вчера и денеска во бугарската престолнина ја одржуваат новаат средба, прва оваа година, на која според најавите треба да се разговара по забелешките за учебниците по историја, како и за Гоце Делчев.
Министерот Османи минатата недела изјави дека не треба да се создава притисок со рокови врз Заедничката историска комисија, туку целта е да се создаде процес на доверба за решавање на спорните прашања.