Фото: МИА

По повод Денот на независноста на Украина во органзиација на Амбасадата на Украина и Здружението на Украинците „Лесја Украинка“, денеска во центарот на Скопје се одржа марш, кој започна во паркот „Жена борец“, а заврши пред „Алеја на Украина“ каде и беше интонирана украинската химна.

На настанот, свои обраќања имаа амбасадорката на Украина, Лариса Дир, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, и Претседателот на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“ Олександр Урбанович.

По повод Денот на независноста на Украина беше поставена и изложба со цртежи од украински деца насловена „Децата на војната“.

Како што информираа претходно од украинската амбасада овој ден втора година по ред се слави во услови на војна од големи размери на Русија против Украина.