Девет јавни претпријатија, седум јавни и културни установи и 23 средни училишта во градот Скопје добија пристапни рампи за да бидат достапни за лицата со попреченост.
Во училиштата се поставени надворешни рампи и обележани се паркинг-места, лифтовски платформи, лифтови, адаптирани тоалети, опремени фискултурни сали за сите.
Пристапни рампи/лифт за лицата со попреченост се овозможени и во јавните
културни установи во градот Скопје, Културно-информативниот центар, домот на културата „Кочо Рацин“, Младинскиот културен центар, Музејот на градот Скопје, зоолошката градина, Детскиот културен центар, градската библиотека „Браќа Миладиновци“, а пристапни рампи за лицата со попреченост се поставени и во сите јавни претпријатија во градот Скопје.
– Град Скопје ќе продолжи да ги исполнува барањата на граѓаните и организациите, за целосна пристапност и отвореност на сите градски институции за сите скопјани – информираат градските власти.