Поставени два препумпни уреда на фекална канализација во Миладиновци

На колекторскиот систем во населеното место Миладиновци деновиве се поставени два препумпни уреда, а досега се изградени 1.200 метри канализациска линија.
– Со поставувањето на препумпните уреди ќе се постигне одведување на фекалните отпадни води кон веќе изградената пречистителна станица, со капацитет од 1.250 еквивалент жители – информираат од Општината.

Како што истакна градоначалникот на Општината, Александар Георгиевски, со реализацијата на овој проект ќе се придонесе за подобрување на квалитетот на живеењето на граѓаните во Миладиновци, како и за подобрување на заштитата на животната средина.