Oпштина Илинден интензивно работи на подобрување на постојната локална патна инфраструктура. Деновиве, екипи на општината почнуваат со реконструкција на повеќе локални улици низ општината, со што ќе се создадат подобри услови за живеење, како и зголемување на безбедноста во сообраќајот.
– Изградбата и реконструкцијата на локалната патна инфраструктура останува еден од приоритетите на локалната самоуправа и во наредниот период – велат од општината.