Архива/Фото: МИА

Барлет Џафери – синот на претседателот на Собранието, Талат Џафери и Албулена Абази – сопруга на шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази станаа обвинители.

На седница на Советот на јавни обвинители Барлет Џафери денеска беше избран за обвинител во Основното јавно обвинителство (ОЈО) во Гостивар, а Албулена Абази е избрана за обвинител во ОЈО Кичево.

Претседателот на Советот на Јавни обвинители, Антонио Јолевски кажа дека „останува да се изберат уште десет обвинители“.

Антикорупциската комисија во април минатата година доби известување дека Барлет Џафери успеал да се пријави на Академијата, без да ги исполни условите за тоа, поточно без полагање правосуден испит. Ова предизвика бура на реакции во јавноста. На прашањето за биографијата на Барлет Џафери, Јолевски рече дека целосната документација што е потребна за кај нив е важечка, а останатото не е во нивна надлежност.