Фото: УКИМ

Во рамките на Програмата по повод одбележувањето на 74-годишнината од основањето на Универзитетот и одбележувањето на „24 Мај“ – Денот на светите Кирил и Методиј – патрониот ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 23 мај беше положено цвеќе на споменикот на светите Кирил и Методиј, во рамките на универзитетскиот кампус за општествени науки.

Почит кон патроните на Универзитетот, со положување цвеќе искажаа делегација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, предводена од ректорот, проф. д-р Никола Јанкуловски, проректорите и генералниот секретар, потоа: високи делегации на државниот врв и дипломатскиот кор во државата: делегација на Владата на Македонија, предводена од министерот за образование и наука, г. Јетон Шаќири, делегација на Кабинетот на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, претставници на странските амбасади акредитирани во Македонија, делегација на Југозападниот универзитет за финансии и економија од Ченгду, НР Кина, новиот член на академската заедница на УКИМ, почесниот професор д-р Оскар Азман, како и претставниците на единиците на Универзитетот. Исто така, чест кон патроните на Универзитетот, со положување свежо цвеќе искажаа и директорите на Институтот „Конфуциј“, претставници на Сојузот на синдикати на УКИМ и на студентите.

Како уште еден дел од низата свечености за одбележување, коа започна во петокот ќе биде и вечерашната свечена академија во НУ Филхармонија, која ќе почне од 20 часот.

Фото: УКИМ