фото: Зоран Антоски

Заменик-амбасадорот на Кралството Шпанија во земјава, Ернесто Кампо, покрај тоа што присуствуваше на отворањето на изложбата по повод 140-годишнината од раѓањето на шпанскиот сликар од светски глас, Пабло Пикасо, тој ги посети и атељеата на две млади уметници од Кичево, а го посети и најгрнчарското село во земјава Вранештица, каде во работилницата на мајсторот грнчар Слободан Столески се запозна со процесот на изработка на глинени производи, што беше својствено и на самиот Пикасо.

Кичевските сликарки беа презадоволни од посетата на шпанскиот заменик-амбасадор и пријатно изненадени од неговиот интерес за нивната работа.

– При дводневната посета на Кичево покрај што присуствуваше на отворањето на изложбата по повод 140-годишнината од раѓањето на Пабло Пикасо, шпанскиот заменик-амбасадор, Ернесто Кампо, ги посети моето атеље и атељето на мојата колешка Валдета Ибиши, вработена во Центарот за култура – истакна уметницата Лулзиме Османи.

– При оваа посета неговата екселенција Ернесто Кампо, најмногу се интересираше да ја види одблизу нашата рабтоа.Во какви техники работиме и како се создава графика . Го заинтересира и животот на нас уметниците а му беше многу драго што во Кичево има многу млади уметници кои создаваат прекрасни дела – истакна Лулзиме Османи, сликарка и професор по ликовно воспитување во село Зајас.

З.А.