ЈКП „Комуналец“- Прилеп, во соработка со Локалната самоуправа започна голема еко-акцијата за засадување на дрвја.
Комуналците, како што информираат од претпријатието, од денеска започнаа со засадување на дрвја по булеварот на потегот од споменикот на Прилепски бранители до Автобуската станица. Дрвја од видот липа се засадуваат на местата на старите, дотраени и искорнати липи.
Во еко-акцијата се вклучија и градоначалникот Борче Јовчески и в.д директорот на јавното претпријатие, Рубинчо Абрашоски.
Пролетва, планот на Локалната самоупрва и директорот Абрашоски е еко-акцијата за засадување на дрвја да се одвива етапно на повеќе локации низ градот и населените места.
Липа, костен, бреза, и јасен ќе се засадува во повеќе паркови и по тротоарскиот дел од улиците, а планирано е да се засади бадем и обнови старата исечена и уништена бадемова шума под Марковите кули.

Ка.М.