Дождовите предизвикаа одрони и го затворија за сообраќај регионалниот патен правец Росоман-Прилеп кај местото викано „Трите ленти“, односно на местото каде почнуваат патот со три ленти за искачување кон Плетвар.
Заради одроните надојдената вода целосно се излеала на асфалтот и ја блокирала проодноста на патниот правец уште од 6 часот утринава. Во расчистувањето на речното корито работат багери на изведувачот на патот кој во тој дел се проширува како и екипи на Македонија пат.
Од 15:00 часот регионалниот пат Росоман- Прилеп, кај м.в.„Трите ленти“ повторно е отворен за сообраќај, информира АМСМ.
Од ЦУК информираат и за одрон кој привремено го прекинал движењето на патниот правец Неготино – Радивиш преку Црвени брегови.
На патниот правец пак Маврово – Дебар вообичаено има појава на одрони при вакво време заради што се апелира на внимателно управување со автомобилите а на делницата Дебар-Жировница кај Долно Косоврасти повторно се отворил кратер кој е попоплнет со песок и сообраќајот се одвива по оспособен пат од страна на јавното претпријатие за одржување на патишта.
Синоптичарите од УХМР очекуваат викендов да сме под влијание на оваа нестабилна воздушна маса која со себе носи локални грмежи и врнежи.
Хидролозите ги следат овие локални врнежи и засега воопшто не се очекуваат излавања на поголемите реки.
Според синоптичарите циклонот кој ги донесе овие врнежи ќе се задржи до понеделник, а веќе од среда не очекуваат летни температури.