Првиот потпретседател на владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, престојува во официјална посета на САД, каде на покана на Атлантскиот совет ќе учествува на 9. Состанок на министри посветен на Централната и Источна Европа на Конференцијата за енергетска безбедност.
Како што соошти Кабинетот на вицепремиерот, тој ќе биде еден од главните говорници на панел-дискусијата на тема „Трансатлантската политика за трговијата, енергетиката и климата, по изборна година“.
За време на престојот во Вашингтон, првиот вицепремиер Меџити ќе се сретне со претставници од државите учеснички на овогодинешната Конференција на Атлантскиот совет, стои во соопштението на Министерството за животна средина и просторно планирање.