Фото: Игор Бансколиев

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ) изјави дека е свесен за опасноста некои кругови во Бугарија да се обидат да ја злоупотребат ситуацијата на над 80.000 (според ФАЦ) македонски државјани, кои поседуваат бугарски пасоши.

– Знам дека зад барањата за малцинските права стојат нечесни намери. Но, за мене, поголема закана е дека сè додека нашите граѓани не се дел од ЕУ, тие ќе бидат принудени да аплицираат за бугарски пасоши од социјални и економски причини – вели Османи во интервјуто за ФАЦ, пренесе „Дојче веле“.

Сепак, според Османи, уставните измени ќе ја зацврстат и прошират мултиетничката демократија.

Османи рече и дека е прилично сигурен оти Бугарија постојано ќе формулира нови барања.