Фото: Фејсбук/Артан Груби

Нема амбасадор што дошол во мојата канцеларија, а не шутирал фудбал, изјави вицепремиерот Артан Груби за фотографиите што ги објави вчера, а на кои министрите од ДУИ играат фудбал и кошарка во неговата канцеларија.

„Дрим тимот“ на ДУИ со играње кошарка и фудбал во канцеларија се справува со стресот

– Се извинувам ако фотографиите до толку задираат во вашите чувства. Јас сум спортски тип – рече Груби.

Тој искоментира дека пред некој словачкиот амбасадор играл фудбал во неговата канцеларија, но тоа не било оценето од страна на медиумите како скандалозно. Исто така, градоначалникот на Тирана шутирал во просториите на Министерството за политички систем и дал гол со петица.

Денот беше напорен, нема ништо спорно во играњето фудбал во кабинетот, вели Груби

– Ова е таа хистерија за која зборувам, двојни стандарди, селективни правди, измислување на теми – смета Груби.

На прашањето дали тој како највисок играл кошарка на позицијата центар, вицепремиерот рече: „јас дриблам“.