Фото: ЕПА

Ако БРИКС се прошири во БРИКС+, дозволувајќи им на земјите што формално ги испратија своите апликации да му се приклучат на блокот, вкупниот БДП би можел да достигне 32,66 трилиони долари

За проширувањето на БРИКС во БРИКС+, блокот ќе одлучи заеднички на претстојниот самит во Јужна Африка во август. Неколку земји изразија интерес да ѝ се приклучат на алијансата БРИКС и да ја прифатат иницијативата за новата валута за прекугранични трансакции.
Алијансата на државите БРИКС учествува со 31,5 отсто од вкупниот глобален БДП.
БДП на земјите од БРИКС моментално изнесува 27,64 трилиони долари. Само за споредба, блокот БРИКС со својот БДП е за 2,14 трилиони долари поголем во споредба со БДП на САД.

Бразил: 2,08 трилиони долари
Русија: 2,06 трилиони долари
Индија: 3,74 трилиони долари
Кина: 19,37 трилиони долари
Јужна Африка: 399 милијарди долари

Ако БРИКС се прошири во БРИКС+, дозволувајќи им на земјите што формално ги испратија своите апликации да му се приклучат на блокот, вкупниот БДП би можел да достигне 32,66 трилиони долари. Подолу се земјите што формално аплицирале за приклучување кон БРИКС, како и бројката за нивниот БДП.

Алжир: 206 милијарди долари
Аргентина: 641 милијарда долари
Бахреин: 44 милијарди долари
Бангладеш: 420 милијарди долари
Египет: 387 милијарди долари
Индонезија: 1,39 трилион долари
Иран: 367 милијарди долари
Саудиска Арабија: 1,06 трилион долари
ОАЕ: 499 милијарди долари

Во тој контекст, вкупниот БДП на БРИКС+ ќе достигне 32,66 трилиони долари и, колку за споредба, ќе биде повисок за 7,16 трилиони долари пред БДП на САД. За издвојување е исто така дека неодамна алијансата БРИКС ги надмина земјите од Г7 по паритетот на куповната моќ (ППП). (Г7 се Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Обединетото Кралство, САД и Европската Унија.)
Развојот покажува дека земјите во развој стануваат сѐ повеќе економски моќни и дека имаат потенцијал сериозно да се смета на нив дека би можеле да го променат геополитичкиот пејзаж. Е.Р.