Фото: OН

Заклучоците во анализата по изгласувањето на резолуцијата на ОН, со која „израелските населби на палестинска територија се прогласени за нелегални“, наведуваат на пресврт во перцепцијата на членките на Обединетите нации во актуелниот израелско-палестински конфликт. Но сепак останува дилемата дали тој пресврт во перцепцијата се должи на поместување во геополитичките процеси во интерес на хуманизмот, правдата и праведноста или повторно секој си настапува од сопствениот интерес. Дали оваа резолуција буди надеж за враќање на ОН на принципите и одредбите од сопствената повелба, кои многупати досега беа запоставени или игнорирани, како во случајот со Македонија и решавањето на нејзиниот неправедно наметнат спор за името со Грција?

Зошто Македонија треба да биде принципиелна при гласањето на резолуциите во ООН

Генералното собрание на ОН на 11 ноември усвои резолуција со која израелските населби на палестинска територија, вклучувајќи и на Голанската Висорамнина и во Источен Ерусалим (Ал кудс), се прогласени за нелегални.
Според експертите за геополитика, познавачи на начинот на кој функционираат Обединетите нации, од резултатите од гласањето во Генералното собрание на ОН на 11 ноември за палестинско-израелскиот конфликт, можат да произлезат многу изненадувачки заклучоци. Од гласањето за резолуцијата, со наслов „Израелските населби на окупираната палестинска територија, вклучувајќи ги и Источен Ерусалим и окупираниот сириски Голан“, може да се заклучи дека Украина ги изневери очекувањата на САД, а Унгарија го поддржа Израел. Или тоа е сепак логична последица на политичката ситуација во тие земји?

Седум клучни заклучоци од резолуцијата на ООН со која израелските населби на палестинска територија, вклучувајќи ги и Голанската Висорамнина и во Источен Ерусалим (Ал кудс), се прогласени за нелегални

Нацрт-резолуцијата беше одобрена на 9 ноември од Комитетот за специјални политички прашања и деколонизација на Генералното собрание на ОН.
Резолуцијата ја поддржаа 145 земји, меѓу кои Руската Федерација, Кина, Индија, Велика Британија, Германија, Италија, Шведска, Франција, Јужна Африка, Јапонија и… Украина. Осумнаесет земји, главно од Латинска Америка и Африка, беа воздржани од гласањето. Против беа Израел, САД, Канада, Унгарија, Науру, Маршалските Острови и Микронезија.
Во анализата на резултатите од гласањето во Генералното собрание на ОН се оценува дека тие се изненадувачки во повеќе аспекти.
1. Првата најдрастична констатација е дека т.н. цивилизиран западен свет се намали на три земји – САД, Израел и Канада. Позицијата на Унгарија заслужува посебно внимание, а позициите на островските држави се незначителни во геополитиката.
2. Што се однесува на перцепцијата на Израел во ОН, јасно дека статусот на таа држава почива само на силата на САД. Заедно со слабеењето на САД, што според многумина светски геополитички аналитичари е тренд, позицијата на Израел („ние или тие“) ќе се промени, или Тел Авив, според истите аналитичари „ќе биде во неволја“.
3. Како трет заклучок се покажува конечно дека светот во голема мера ги осудува акциите на Израел против Палестинците, насочени кон нивно протерување од меѓународно признаените земји и уништување на сè уште нецелосната палестинска државност под изговор на самоодбрана.
4. Позицијата на Велика Британија, Франција, Шведска и на другите „цивилизирани“ земји што одбија да ги поддржат САД и Израел се објаснува со присуството во нивните земји на огромен број мигранти од арапско потекло и воопшто муслимани, кои одржуваат масовни собири во тие земји. Во Лондон веќе се одржа митинг за поддршка на Палестина, на кој присуствуваа 800.000 луѓе. Според многумина политички аналитичари, „Илон Маск е во право кога сигнализира дека граѓанската војна во Европа ќе стане неизбежна доколку миграцијата продолжи“. На предупредувањето на Илон Маск се додава дека „опасноста од граѓанска војна во Европа се зголемува – ако властите на земјите од ЕУ ја поддржат војната на Израел“.
5. Ставот на Велика Британија се објаснува и со фактот дека таа држава владеела со Палестина под мандатот на Лигата на народите од 1920 година. Всушност, таа беше нејзина колонија. Сите последователни настани доведоа до исчезнување на Британската Империја и нејзиното влијание во светот. Но, со излегувањето од ЕУ, Лондон ги оживеа спомените на својата поранешна моќ и денес претендира да има посебна улога во украинскиот конфликт, а секако и во палестинскиот. Тоа укажува не толку на растечката улога на Велика Британија на светската сцена туку на слабеењето на САД.

Позицијата на Македонија при гласање во ООН, за важни и актуелни геополитички прашања, секако во голема мера го одредува и односот на другите земји членки на организацијата кога би се поставило на пример прашање од суштинска важност за нашата земја. Оттука, се чини дека сепак е важно како се позиционира Македонија во контекст на актуелната израелско-палестинска ситуација

6. Позицијата на Украина е изненадувачка бидејќи Киев не го поддржа мислењето на САД. Може да има повеќе објаснувања, од одмазда кон Вашингтон за намалување на политичката и финансиската помош, поддршка за тандемот Турција – Британија, до изразување на личниот став на Володимир Зеленски.
7. Позицијата на Унгарија е изненадувачка по тоа што е во спротивност со позицијата на Европа и а Турција, големиот сојузник на Унгарија. Това се објаснува со фактот дека Унгарија е дом на „најголемата еврејска заедница во Европа“. И има околу 300.000 Евреи од унгарско потекло во Израел, за кои Унгарија е „особено загрижена сега“. Сега, според оцената на аналитичарите, „еврејските пари нема да ја заобиколат Унгарија“. Во анализата се забележува прагматичната позиција на Унгарија во сè. Дополнително, Будимпешта покажува дека нема двоен стандард – ако ги поддржувате Унгарците во Украина, ги поддржувате и во Израел. Унгарија не дозволува мигранти од исток, така што нема протестен потенцијал во земјата во врска со арапско-израелскиот конфликт.
Заклучоците во анализата по изгласувањето на резолуцијата на ОН, со која „израелските населби на палестинска територија се прогласени за нелегални“, наведува на пресврт во перцепцијата на членките на Обединетите нации во актуелниот израелско-палестински конфликт.
Но сепак останува дилемата дали тој пресврт во перцепцијата се должи на поместување во геополитичките процеси во интерес на хуманизмот, правдата и праведноста или повторно секој си настапува од сопствениот интерес. Дали оваа резолуција буди надеж за враќање на ОН на принципите и одредбите од сопствената повелба, кои многупати досега беа запоставени или игнорирани, како во случајот со Македонија и решавањето на нејзиниот неправедно наметнат спор за името со Грција? Како се позиционира Македонија во контекст на оваа израелско-палестинска ситуација?

Сепак е важно како се позиционира Македонија во ООН, заради – самата Македонија

– Се гледа дека Израел останува сѐ повеќе изолиран во ООН и дека во еден момент и подршката на САД би можела да се намали или да изостане за Израел, кој сепак претера во својата одбранбено-одмаздничка кампања кон Хамас, што се претвори во етничко чистење на Палестинците. Решение за ОН е да ја примат палестинската држава во членството на ООН како полноправна членка, бидејќи сега е „придружна членка на ООН“. Што се однесува до нашиот, македонски проблем за ИМЕТО, добро е што постои несогласување во Советот за безбедност на ООН. Така што, доколку го раскинеме Преспанскиот договор, нема да има потребно единство во Советот за безбедност да ни ја вратат деноминацијата (референцата) БЈРМ, па лесно ќе можеме да го туркаме предметот на Генералното собрание на ООН, каде што сите или најголемото мнозинство држави чувствуваат загрозеност за сопствениот суверенитет и, оттаму, имаат интенција да гласаат за суверенистички иницијативи, од типот суверен идентитет – вели професорот по меѓународно право Игор Јанев.
Позицијата на Македонија при гласање во ООН, за важни и актуелни геополитички прашања, секако во голема мера го одредува и односот на другите земји членки на организацијата, кога би се поставило на пример прашање од суштинска важност за нашата земја. Оттука, се чини дека сепак е важно како се позиционира Македонија во контекст на оваа израелско-палестинска ситуација. Македонија гласаше воздржано кога Генералното собрание на ОН усвои резолуција со која се повикува на „итен, траен и одржлив хуманитарен прекин на огнот“ во Газа, бидејќи документот не го спомнува Хамас по име и не ги осудува неговите злосторства врз израелските цивили по име. Во најновата резолуција, со која израелските населби на палестинска територија се прогласени за нелегални, Македонија не е на списокот на оние што гласале против или се воздржани.
– Како да се позиционира Македонија? Што и да кажам на ова место, која било македонска власт ќе се позиционира во полза на Израел, бидејќи оваа држава се смета на најблизок сојузник на САД. Но, се гледа дека Израел врши етничко чистење и дека последната или крајната намера на Израел е дел од Газа (Северна Газа) да биде окупиран – констатира професорот Игор Јанев.