Фото: Влада

Поранешниот специјален претставник на Владата во разговорите со Бугарија, Владо Бучковски вечерва изјави дека при крајот на 2020 година сме биле близу до решавање на проблемот.

– Мислам дека бевме многу блиску пред Новата година 2021. Мислам дека бевме блиски со ставовите на либералниот дел од бугарската Влада. И тогаш беа на маса петте точки. Мислам дека имаше сериозно приближување. Акцентот падна на точки коишто можат да се решат – изјави Бучковски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5.

Бучковски рече дека ќе продолжи да работи на каузата и ќе се труди да дојде до зближување на двата народа и надминување на сите проблеми.