Пратеникот од ДУИ, Артан Груби, до албанската опозиција порача дека тие се слуги на изманици кои не му мислат добро на народот.
– Каде бевте во 2002 година кога ние се боревме за правата на Албанците? Никаде вѐ немаше, вие сте обични кукавици. Имавте една можност да покажете храброст, но и таа ви пропадна. Вѐ истепаа, во ова Собрание, зашто сте кукавици, затоа што ги оставивте на цедило вашите луѓе. Затоа ќотекот го изедовте – рече Груби.
Додаде дека опозицијата е скандалозна, зборува на празно и без никакви дела, додека народот го поддржува и препознава ДУИ, како единствена опција која граѓаните ги води напред.
Тој рече дека како партија успеале да ја реализираат промената на уставот, законот за јазиците, консензуалниот претседател. Спомена дека се избориле за Албанец да биде претседателот на Собрание, а 22 ноември е празник на албанската азбука.
Груби најави дека ДУИ ќе настојува да се донесе законот за ветинг, кој треба да биде пред пратениците следната недела.
На крајот донесе спреј порачувајќи му на Зијадин Села од „Алијансата за Албанците“ дека ако е дозволено кој што сака да прави, може да го испрска Џафери со него.