На подрачјето на Бит-пазар припадници на одделот за криминалистичка полиција попладнево го уапсиле 27-годишниот И.К. од скопско Студеничани.

Како што информираат од МВР, кај него биле пронајдени 13.525 парчиња пиротехнички средства.

Против 27-годишникот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.