Фото: ДЗС

Во изминатото деноноќие, до 7.30 часот, во земјава се регистрирани вкупно 35 пожари на отворен простор. Од нив, пет се активни, два се под контрола, а 28 се изгаснати.

Активни се пожарите во:

  • Општина Прилеп: кај селото Чаниште, со краци кон селата Крушевица, Лопатица и Дуње, како и крак кон Црна Река. Гори ниска вегетација.
  • Општина Студеничани: на потегот Моране – Вртекица – Рамни Габер, каде што гори мешана шума.
  • Општина Македонски Брод: во месноста Видуш, кај селата Драгов Дол и Локвица. Горат ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.
  • Општина Кичево: кај селото Тајмиште, во месноста Дарда, каде што гори високостеблеста букова шума.
  • Општина Липково: кај селото Никуштак, каде што гори ниска вегетација и шума.

Под контрола се пожарите во:

  • Општина Могила: кај селото Мојно, каде што гори ниска вегетација.
  • Општина Крушево: на потегот Белушино – Јакреново, каде што гори ниска вегетација и деградирана дабова шума.

Во изминатото деноноќие се изгаснати 28 пожари, и тоа:

  • Општина Студеничани: два пожара во селото Батинци, каде што горело ѓубре.
  • Општина Бутел: село Љуботен – ниска вегетација.
  • Општина Гази Баба: улица Сава Михајлов – ниска вегетација и ѓубре; село Виниче – стрниште и ниска вегетација.
  • Општина Новаци: село Орле – ниска вегетација.
  • Општина Струмица: село Просениково – стрниште; улица Климент Охридски – ниска вегетација и ѓубре.
  • Општина Радовиш: село Калугерци – ниска вегетација и контејнер.
  • Општина Струга: Ново Село – ниска вегетација.
  • Општина Кичево: село Туин и село Зајас – стрниште.
  • Општина Велес: село Караслари – ниска вегетација и грмушки.
  • Општина Кавадарци: депонија – ѓубре.
  • Општина Неготино: месност Ило Виларов – ниска вегетација.
  • Општина Лозово: село Ќоселари – ѓубре.
  • Општина Кочани: село Теранци – стрниште.
  • Општина Куманово: Кучкарево – Градиште, Умин Дол и Режановце – ниска вегетација.
  • Општина Старо Нагоричане: село Никуљане – стрниште, ниска вегетација и дел од лозје.
  • Општина Крива Паланка: депонија – ѓубре.
  • Општина Тетово: село Гајре – ниска вегетација.
  • Општини Брвеница и Желино: Челопек – Стримница – депонија и нискостеблеста дабова шума.
  • Општина Брвеница: село Милетино – нива со јачмен.
  • Општина Гостивар: населба Фазанерија, кај стадионот – ниска вегетација и ѓубре; село Церово – шума; село Лакавица – село Србиново – ниска вегетација.