Илустрација / Фото: ТППЕ Охрид

Две противпожарни возила гаселе пожар од семејна куќа во липковското село Слупчане, соопштија денеска од регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Пожарот избувнал вчера во попладневните часови.

Територијалната противпожарна единица Куманово реагирала со две противпожарни возила и шест пожарникари. Опожарен бил вториот кат на објектот, предизвикана е поголема материјална штета, информираат од РЦУК Куманово.

Од кумановската противпожарна единица потврдуваат дека интервенирале два часа на пожарот. Од кумановската полција, пак, потврдуваат дека 64 годишниот жител на Слупчане го пријавил пожарот.

– Повредени лица нема, ТППЕ Куманово го изгасила пожарот – соопшти полицијата.

Причината за пожарот, како и висина на материјалната штета допрва ќе се утврдува.