Фото: ЦУК / Илустрација

Од утрово нов пожар избувна на пределот кон Дрен-Смолани и кон Беловодица, прилепскпо, а се уште гори во Мариово, информираат од Општина Прилеп. На терен се припадници на АРМ, пожарникари, припадници на ловни друштва, доброволци. Со огнот се опфатени 15.000 хектари во опфат од 110 километри.
-На четири места гори во Мариово, кај с. Крушевица и Бонче и кон Штавица и кај Вепрчани и Дуње. Постои опадност огнот да се префрли од кај Волково кон Селце. И таму има екипи. Теренот е непристапен, тешко оди гаснењето. Има помош од ер трактор. Засега нема опасност ни за куќи, ни за верски објекти, бидејќи со механизација е направена изолација – изјави Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп, по седницата на кризнипт штаб.
Инаку, од огнот е изгорена висока трева и ниско стеблеста шума, а штетите ќе се проценуваат по изгаснувањето на пожарите.
Од Општина Прилеп со апел да се вклучат во гаснењето на пожарите добро обучени доброволци. Ка.М.