Прилепскиот суд го осуди на 20-годишна казна затвор прилепскиот џудо тренер
Р.П. ( 46) за обљуба на четири малолетни девојчињa кои ги тренирал во неговиот џудо клуб. Како што не информираше судијата Жарко Велески, портпарол на судот, изречена му е и забрана за вршење дејноста во рок од десет години, бидејќи покрај обљубата на товар му се става и злоупотреба на службената положба како џудо тренер.

Обвинителството го докажа обвинението за Р.П., кој од февруари до декември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба извршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14
години – четири ученички кои му биле доверени за тренирање и воспитување.

Случајот што ја шокираше јавноста беше откриен лани кога еден од родителите го
пријави тренерот во полиција, а потоа истргата ги откри и другите жртви. Ка.М.