Според официјалните информации од МВР, пред средното училиште „Марија Кири Склодовска“ во Скопје, попладнево се случила масовна тепачка меѓу две групи ученици.

Според МВР, при овој настан еден малолетник бил прободен при тоа што бил пренесен на Клиника.

– Во 17,00 часот на бул„3-та Мак.Бригада“ имало нарушување на јавниот ред и мир помеѓу две групи. Со убодна рана се здобил У. Д. (17) и од страна на итната медицинска помош тој е пренесен во УЦ „Мајка Тереза“ – велат од МВР.