Рано утрово два хеликоптери се вклучија во гаснењето на пожарот што четврти ден беснее во шумите над селата Опеница, Косел, Вапила, Куратица и Расино.
Хеликоптерите црпат вода од Охридското Езеро и ја испуштаат на критичните места зафатени од пожарот кои се во тешко пристапни предели. Пожарникарите делуваат и од земја со тешка механизација со која прават земјени појаси за да се спречи ширењето на пожарот.