Од фотографиите споделени на неговиот Фејбук профил се гледа како Касами заедно со директорот на ЈКП Тетово Нуредин Фетаи со лопати во раце копаат и отстрануваат снег и мраз од замрзнатите градски тротоари
Градоначалникот на Тетово Биљал Касами заедно со вработените на комуналното претријатие вчера навечер работеше во расчистување на снегот и мразот од тротоарите како и фрлање на сол.
Од фотографиите споделени на неговиот Фејбук профил се гледа како Касами заедно со директорот на ЈКП Тетово Нуредин Фетаи со лопати во раце копаат и отстрануваат снег и мраз од замрзнатите градски тротоари.
Исто така им помогнаа на работниците во фрлање на сол.

-Додека сите на овие ниски температури се во своите домови, хероите на градот се грижат за јавните простори. Вечерва заеднички ги исчистивме тротоарите од снегот и мразот создаден од ниските температури. Безбедноста и слободното движење на граѓаните е наша должност-истакна тој.
Градоначалникот пред два дена на вработените во Комунална хигиена им вети нови униформи и опрема за работа, повисоки плати и подобр услови за работа во нивните простории.