Дневниот весник „Вечер“ од денеска има нов главен и одговорен уредник. Како што информираат од „Вечер“, од денеска, на местото на досегашниот главен и одговорен уредник Весна Миќиќ Божиновска застанува м-р Елизабета Арсоска, досегашен заменик главен и одговорен уредник во весникот.
Од име на редакцијата на „Нова Македонија“ и го честитаме пензионирањето на Весна Миќиќ Божиновска од позицијата главен и одговорен уредник на весникот „Вечер“. Воедно и посакуваме да не престане со пишување, затоа што читателите го очекуваат тоа од неа.
На новата главна уредничка м-р Елизабета Арсоска и посакуваме плодна и успешна работа на чело на еден од најстарите весници во Македонија, со надеж за натамошна плодна соработка на полето на информирањето на граѓаните на Македонија.