Фото: Влада

Од партијата „Алтернатива“ велат дека Владата функционира нормално и оти нема причина за некаква реконструкција по пишувањата во дел од медиумите дека со оставката на министерот за локална самоуправа ќе има и мини реконструкција со која ќе бидат опфатени и министрите за здравство и за информатичко општество и администрација од редовите на „Алтернатива“.

– Сега засега Владата функционира нормално и нема причина за никаква реконструкција. Нашите министри Беким Сали и Адмирим Алити се едни од најуспешните кадри, не само на Алтернатива, туку и во целата Влада воопшто. Затоа, не гледаме причина за отворањето на вакви непотребни теми – велат од „Алтернатива“.

Прашањето за мини реконструкција се отвори откако оставка најави министерот за локална самоуправа од редовите на ЛДП Горан Милевски, кој денеска се очекува да ја достави оставката до Владата.