Фото: Дарко Андоновски

По повод одбележувањето на стогодишнината од Првата светска војна, Македонија денеска ја посети војводата од Кент, кој положи цвеќе во чест на загинатите британски борци. 

Неговото Кралско Височество присуствуваше на церемонија на британските воени гробишта, веднаш до црквата Св. Архангел Михаил. На службата присуство земаа високи воени претставници, како и амбасадори на земјите што учествувале во Првата светска војна.

Ова се единствените Британски воени гробишта кои се наоѓаат на територијата на Република Македонија. Во нив се погребани 124 војници од Британската војска кои умреле од инфлуенца по примирјето со Бугарија. 

Делегацијата на Британската амбасада предводена од војводата Кент оддаде почит на паднатите борци, посочувајќи дека годишнините од двете светски војни се можност за заедничко сеќавање, да се потсетиме за хоророт на војната, да жалиме, да им оддадеме спомен на оние кои ги изгубија животите, да покажеме солидарност со оние кои преживеале.

Војводата од Кент, инаку е претседател на Комисијата за воени гробишта на Комонвелтот од 1970 година. Комисијата е организација што им оддава спомен на сите мажи и жени кои служеле и починале во двете светски војни и се грижи за спомениците на 23.000 локации во 154 земји.