На „Фејсбук“ страницата Шепасти Ентузијатси беше објавена вознемирувачка фотографија на која се гледа како мало куче виси обесено на дрво во шума во Демир Капија, по што членовите на групата побараа одговорност за сторителите.
„Понекогаш не знаеме како да изреагираме на ваков случај! Штотуку овие слики ги добивме во порака од Демир Капија. Ова се случило денес, обесиле мало кутре, мало бебе, мало дете кутре“, стои во описот на фотографијата, со апел сите да го споделат овој суров чин.
„Споделете сите! Мислиме дека конечно дојде време овие монструми да почнат да бидат казнувани од државата која постојано врти образ на вакви случаи, а ние, тангирани од истите сме третирани како чудаци, грижејки се за овие невини суштества! Случајот ќе биде пријавен утре во МВР и АХВ“, се вели во објава на „Фејсбук“.