Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 644 теста, а регистрирани се 55 нови случаи на ковид-19: Скопје– 38, Битола– 6, Куманово– 5 , Прилеп– 3, Тетово, Кавадарци и Охрид – по 1.
Од вкупниот број позитивни (55), регистрирани се 15 реинфекции.
Регистрирани сe 55 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 43, Битола – 4, Куманово и Кавадарци – по 2, Тетово, Кичево, Гевгелија и Свети Николе – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа нема регистрирани починати лица. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ не се регистрирани починати лица.
Направени се 644 теста: ИЈЗ-63, ЦЈЗ Скопје-79, ЦЈЗ Битола-23, ЦЈЗ Прилеп-7, ЦЈЗ Тетово-11, ЦЈЗ Куманово-22, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија-50, Жан Митрев (Филип Втори)-3, Авицена-6, Биотек-15, Систина-9, лабораторија Лаор-1, Синлаб-27, Ремедика-8, Плодност-1, Генеа-4, Никоб лаб-10, ВФВ медикал-2, Ели медика плус-1, Спектра-ММ-0, Рапид лаб–2, Жан Митрев Струмица–0, Нова лаб дијагностика–0, Рамус-2, ПЗУ ГМ Лаб-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 297.
Досега во земјата направени се вкупно 2.166.201 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.263, бројот на оздравени пациенти е 333.274, на починати е 9.542 а бројот на активни случаи изнесува 447.