Фото: Игор Бансколиев

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 684 тестови, а се регистрирани 18 нови случаи со ковид-19 и 231 оздравен пациент. Не се регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство.

Од 18-те нови случаи, 16 се од Скопје, а два од Битола. Кај едно лице од вкупно 18 позитивни, регистрирана е реинфекција.

Од 231 оздравен пациент од Скопје се 101, Битола 41, Прилеп 24, Кичево 13, Охрид 8, Кавадарци и Радовиш по 6, Штип 5, Велес 4, Куманово, Тетово, Кочани и Делчево по 3, Струмица и Крушево по 2 и Струга, Неготино, Ресен, Крива Паланка, Виница, Демир Капија и Пехчево по 1.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително на е пријавено едно починато лице од Струмица (86г), кое починало во домашни услови, а е пријавено на 30 март.

Досега во земјата се направени вкупно 1.997.169 тестирања на ковид-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 308.620, бројот на оздравени пациенти е 298.532, на починати е 9.262, а на активни случаи изнесува 826.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 145.028, Активни 464
Куманово 16.610, Активни 12
Битола 15.130, Активни 126
Прилеп 14.109, Активни 35
Тетово 13.442, Активни 13
Кавадарци 10.602, Активни 28
Велес 9.728, Активни 16
Гостивар 9.569, Активни 18
Охрид 8.811, Активни 20
Струмица 8.042, Активни 18
Штип 8.001, Активни 16
Кичево 5.598, Активни 7
Кочани 5.070, Активни 3
Струга 4.711, Активни 8
Гевгелија 4.396, Активни 7
Неготино 3.672, Активни 6
Ресен 2.710, Активни 6
Свети Николе 2.622, Активни 1
Радовиш 2.526, Активни 7
Крива Паланка 2.413, Активни 1
Делчево 1.969, Активни 4
Дебар 1.673, Активни 0
Берово 1.640, Активни 2
Валандово 1.480, Активни 0
Виница 1.386, Активни 2
Пробиштип 1.265, Активни 1
Богданци 1.019, Активни 0
Кратово 962, Активни 1
Крушево 928, Активни 2
Демир Хисар 828, Активни 1
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 591, Активни 0
Македонска Каменица 522, Активни 0
Пехчево 486, Активни 1
Дојран 345, Активни 0.