Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 808 тестови, а регистрирани се 57 нови случаи со ковид-19, еден починат од Струга (86 години) и девет оздравени пациенти. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, нема регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство.
Од 57 новозаболени од Скопје се 38, Битола и Прилеп – по 5, Штип – 4, Кавадарци, Велес, Струга, Неготино и Крушево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (57), регистрирани се 15 реинфекции.
Од деветте оздравени пациенти, од Скопје се осум, а еден е од Македонски Брод.
Направени се 808 тестови: ИЈЗ-127, ЦЈЗ Скопје-64, ЦЈЗ Битола-16, ЦЈЗ Прилеп-11, ЦЈЗ Тетово-7, ЦЈЗ Куманово-29, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија-58, Жан Митрев (Филип Втори)-3, Авицена-23, Биотек-13, Систина-4, лабораторија Лаор-1, Синлаб-2, Ремедика-9, Плодност-2, Генеа-3, Никоб Лаб-10, ВФВ Медикал-4, Ели Медика Плус-6, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-3, ПЗУ ГМ Лаб-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 411.
Досега во земјата се направени вкупно 2.177.967 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.722, бројот на оздравени пациенти е 333.833, на починати е 9.554 а бројот на активни случаи изнесува 335