Министерот за здравство Венко Филипче преку Твитер побара институциите да спроведат истрага и да ги санкционираат журките низ Македонија кои се организирани без почитување на превентивните мерки и протоколи.

– Гледам фотографии на социјалните медиуми од журки и забави во повеќе градови без да се почитуваат протоколите и мерките за заштита од ковид-19. Барам итно институциите – МВР и надлежните инспекторати да спроведат истраги и да ги санкционираат овие собирања на недозволен начин! Младите мора во целост да ги почитуваат мерките за заштита, да носат задолжително заштитни маски, да одржуваат хигиена и дистанца. Клучно е сите да ги почитуваат мерките за да се спречи ширењето на вирусот и секое непочитување на мерките да биде соодветно санкционирано – напиша Филипче.