Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска побара итно свикување седница на Советот на општината, на која би се разгледала нејзината иницијатива за донесување одлука за доделување на донација на финансиски средства на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, потребни за адаптација и доопремување на микробиолошката лабораторија за молекуларна дијагностика на ковид-19.

Во иницијативата за свикуање итна седница се истакнува дека со адаптацијата и опремувањето на микробиолошката лабораторија, ќе се овозможи тестирање за детекција на присуство на коронавирусот во молекуларната микробиолошка лабораторија во Битола, со што би биле задоволени потребите на општината и Југозападниот регион на државата.

На овој начин би се добило побрзо тестирање од досегашното, бидејќи сите тестови досега се работеа во Скопје, се истакнува во иницијативата на Петровска.

Во иницијативата на градоначалничката Наташа Петровска не се кажува колкава е вредноста на донацијата. М.М.